Miteva, Zlatka and Velkovska-Trajanovska, Valentina and Potevska Popivoda, Emilija and Gavrilovski, Goce and Lazarevski, Vladimir (2018) Концерт на ансамблот за современа музика „КонТемпора“ на фестивалот „41.денови на македонска музика“. [Performance] (Unpublished)
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
dmm.pdf Download (35kB) | Preview |
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
30708867_494913107618671_4766390177788592128_n.pdf Download (99kB) | Preview |
Abstract
Фестивалот „Денови на македонска музика“ е најголемиот саем на македонското музичко творештво и вистински промотор на новата музика, а годинава се одржува по 41. пат, од 22 март до 5 април.
Традиционално, програмата на Фестивалот покрива широк спектар на концерти, семинари, презентации, 11 концерти, бројни премиери, меѓу кои и праизведба на македонска опера, учество на врвни домашни и странски ансамбли и солисти, семинари и предавања од областа на современата музика.
На 31 март (сабота) во Музејот на Град Скопје, со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на ансамблот за современа музика „КонТемпора“. На концертот ќе бидат изведени премиерно повеќе дела кои се наградени на конкурсите на Министерство за култура за новосоздадени дела во изминатите неколку години, меѓу кои е делото на професорот на Музичката академија во Штип, композиторот Гоце Гавриловски. На овој концерт како членови на ансамблот за современа музика „КонТемпора“ ќе настапат професорите на Музичката академија Златка Митева - флејта, Владимир Лазаревски - обоа и Емилија Потевска-Попивода - пијано.
На 3 април (вторник) во Музејот на Град Скопје, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи ансамблот „Меитар“ од Израел. На концертот ќе се изведат дела од македонски и од израелски композитори, меѓу кои и делото „Огледала“ за пијано трио на композиторката Валентина Велковска-Трајановска, професорка на Музичката академија.
Фестивалот „Денови на македонска музика“ е под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и Министерството за култура на Република Македонија, а во организација на Сојузот на композиторите на Македонија СОКОМ.
Item Type: | Performance |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Zlatka Miteva |
Date Deposited: | 06 Feb 2019 08:06 |
Last Modified: | 13 Aug 2019 10:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21494 |
Actions (login required)
View Item |