Мултикултурно образование Концепти и методи

Koceva, Daniela and Mirascieva, Snezana (2018) Мултикултурно образование Концепти и методи. In: Мултикултурно образование Концепти и методи. Центар за Балканска Соработка ЛОЈА. ISBN 978-608-66247-0-5

[thumbnail of Multikulturno Obrazovanie MKD -1-5.pdf]
Preview
Text
Multikulturno Obrazovanie MKD -1-5.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Прирачникот Мултикутурно образование, концепти и методи се појави како резултат на соработката иницирана
од страна на Центарот за Балканска соработка, каде експерти од различни универзитети во Република
Македонија во соработка со тренерите во полето на неформалното образование ги обработуваат различните
теми од областа на мултикултурното образование.
За прв пат оваа публикација ги донесува заедно претставниците на различните универзитети коишто се
единствени според географскиот, етничкиот и лингвистичкиот аспект, исто така и ги зближи универзитетските
професори и експертите од полето на наставните методологии во неформалното обрзование во Република
Македонија.
Потребата за ваков прирачник произлегува од мултикултурниот, мулти-линвистичкиот карактер на нашето
општество, што претставува придобивка којашто треба да се култивира.
Со оглед на тоа што почитувањето на различноста како концепт и филозофија на животот е клучна вредност
што треба да се промовира во мултиетничко демократско општество, напорите на овој прирачник се насочени
кон надминување на основните бариери (комуникација, насилство, предрасуди и стереотипи, дискриминација,
перцепции, идентитети, родови улоги итн.) за промовирање на мултикултурализмот во општеството.
Надминувањето на овие бариери на индивидуално ниво е појдовна точка за промена на општеството. Самото
инсистирање на неформалната методологија за справување со овие концепти е додадена вредност на овој
прирачник, бидејќи создава прозорец кој не само што нуди поголеми можности за стекнување знаења,
компетенции и вештини, туку и можност да ја примени оваа методологија во рамката на институциите за
формално образование.
Во прирачникот се вклучени специфични теми со кои се занимаваат универзитетските професори со експертиза
во соодветната област и во рамките на секоја тема / поглавје се предвидени активности и вежби со примена на
различни методи на неформално учење, како бура на идеи, групна работа, презентации итн. подготвени од
овластени тренери во областа на неформалната методологија.
Овој прирачник ќе биде неконвенционален ресурс за учениците од педагошки факултет како идните наставници
да ја разберат важноста на мултикултурното образование, да го применат овој концепт во училницата за да ги
подобрат знаењата и компетенциите и мултикултурните вредности на новите генерации. Покрај тоа, истиот
прирачник може да се користи како ресурс и материјал на универзитетско ниво каде што се вклучени
проблематиките на интеркултурна разновидност.
Јазикот и содржината на прирачникот е исто така адекватен како ресурс за различни групи со различни нивоа на
образование.
Оваа публикација е во функција на задоволување на потребата за такви ресурси на албански и на македонски
јазик за читателите, обучувачите и наставниците во основното, средното и високото образование за градeње на
капацитетите во однос на меѓукултурната разновидност и промовирање на овој концепт во општеството како
предуслов не само за индивидуален развој, туку и за благосостојбата во општеството.

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Daniela Koceva
Date Deposited: 14 Jan 2019 13:15
Last Modified: 14 Jan 2019 13:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21070

Actions (login required)

View Item View Item