Emilija, Potevska Popivoda and Petrov, Aleksandar (2018) "Acoustic electronics" - Concert for piano and tapan. [Performance] (Unpublished)
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Plakat - Acoustic electronics.pdf Download (126kB) | Preview |
Abstract
На 12.04.2018 година во клубот „Станица 26“, во рамки на Фестивалот за современа музика МОДОАРС се одржа екслузивен уметнички настан „Акустик електроникс“.Целовечерен концерт одржаа Ема Попивода - пијано и Александар Петров - тапан со композиции на теми од познати електронски хитови низ историјата на електронската музика.
Во потрага по нова експериментална музика, пијанистката Ема Попивода ги искористи темите на одбрани електронски песни од различен временски период, кои се подредени во еден вид историјат на електронската музика, за да реверзибилно ги обработи во класичен пијанистички стил. Во придружба на Александар Петров и моќниот звук на тапанот, кој во целост ја дополнува атмосферата, електронската музика експериментално се изведува на акустични инструменти во класичен стил. Инспирирани од современата музика, во стилот на класичните композитори, на акустични инструменти, во сосема нова возбудлива атмосфера се појавуваат песни на Orbital, Kraftwerk, New Order, Bronski beat, Frankie Knuckles, David Morales, Moby, Layo & Bushwaka, Future sound of London, DЈ Rolando, David Morales, Derrick May… Уметничките визуелизации кои ќе се прикажуваат на екранот за време на концертот ги изработија Давор Попивода и Милан Тоциновски. Со целиот свој ентузијазам, љубов кон музиката и уметноста, желбата за нови истражувања, сите учесници во овој проект вложија повеќегодишен труд кој ќе и го презентираат на скопската публика во рамките на Фестивалот МОДОАРС 2018. Генерален покровител на настанот е ЕУРОЛИНК Осигурување.
На овој концерт му претходеше и промотивно видео на тема од Орбитал “BOX”, кое може да го погледнете на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=oOy5veFXVy4
Item Type: | Performance |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Emilija Potevska |
Date Deposited: | 25 Dec 2018 13:37 |
Last Modified: | 25 Dec 2018 13:37 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21030 |
Actions (login required)
View Item |