Islam, Aida and Zelenkovska Leshkova, Stefanija (2011) The need for integration of modern e-methods in studying of the subject Musical education in Republic of Macedonia. The modern society and education, 2. pp. 1359-1365. ISSN 978-9989-823-33-6
Text
e-tools.pdf Download (535kB) |
Abstract
Појавата на Интернетот, мобилните телефони и другите комуникациски технологии во почетокот на 90-тите драстично се одразија врз сите сегменти од секојдневниот живот. Ваквата условеност од технолошката револуција ја наметна потребата за трансформации и на образованието во Европа и пошироко. За таа цел новите информатичко-комуникациски технологии (ИКТ), паралелно со старите, се аплицираат за проширување на традиционалниот академски курикулум. Овие технологии имаат можност не само да влијаат, туку и целосно да го реконструираат образовниот систем. На тој начин се менуваат и компетенциите на самите едукатори кои веќе мораат да бидат обучени за примена на новите технолошки алатки. Тоа подразбира интердисциплинарно поврзување на повеќе научни области со редефинирање на дидактичко-методските пристапи. Од 2000-та година со Лисабонската стратегија и Р. Македонија е зафатена со реформите од областа на образованието преку стручната обука и работење со примена на ИКТ. Целта е доближување до европскиот квалитет и практика на е-учењето поддржано со новите технолошки достигнувања. Оваа иницијатива се имплементира и во основното образование со воведување на проектот е-Школa преку дигитални образовни софтвери, како, на пример ToolKid по одделни наставни предмети. Во оваа компјутерска програма предметот Музичко образование наоѓа примена преку темите: Слушање музика, Основи на музичката писменост, Пеење и Детска креативност. Воведувањето на компјутерот во основното образование ја отвора потребата од промената на наставната програма на факултетите кои продуцираат педагошки наставен кадар. Тоа наметнува задолжително изучување на информациско-комуникациските технологии со употреба на различни софтвери и хардвери применливи во наставните содржини по предметот Музичко образование.
Клучни зборови: Музичко образование, ИКТ, современи е-методи, ТоолКид
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) Humanities > Other humanities |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Stefanija Leskova Zelenkovska |
Date Deposited: | 27 Nov 2012 14:41 |
Last Modified: | 27 Nov 2012 14:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2095 |
Actions (login required)
View Item |