Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Taskov, Nako and Mitreva, Elizabeta (2018) Менаџмент со кетеринг операции во хотелскиот и ресторанскиот бизнис. Гера Ком Плус. ISBN 978-608-66178-0-6
Preview |
Text
Menadzment so ketering operacii vo hotelskiot i restoranskiot biznis 2018-min.pdf Download (89kB) | Preview |
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
korica-ketering-final-min.pdf Download (123kB) | Preview |
Abstract
Книгата Менаџмент со кетеринг операции во хотелскиот и ресторанскиот бизнис е наменета за сите кои работат во угостителски објекти за подготовка и послужување на храна и пијалаци, кетеринг компании, туристичкиот сектор, за академската јавност, студентите, истражувачите, заинтересирани страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор, транспортните компании кои директно или индиректно се поврзани со кетерингот.
Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на менаџирањето со кетеринг операции во хотелскиот и ресторанскиот бизнис. Книгата има цел да допринесе за подобрување на познавањата на кетеринг менаџментот во најголем дел за организаторите на кетеринг настани, но исто така и за персоналот кој ја подготвува храната и пијалаците, како и услужниот персонал кој зема учество во овие настани.
Во разработката на книгата е користена соодветна литература од познати автори и институции од областа на Кетеринг менаџментот, а во голем дел е базирана на книгите „Catering management“ од авторката Nancy Loman и „Организация и планиране на кетърингови събития“ од авторката Катја Илиева. Книгата е изработена во седум глави.
Во првата глава е опфатен материјалот кој се однесува на суштината и основните карактеристики на кетерингот, каде е направено дефинирањето на оваа дејност и опфатен е неговиот историски развој.
Во втората глава се обработува материјалот поврзан со поделбата и видовите на кетеринг. Основната поделба на кетерингот е направена според видот на настанот и според местото каде се одржува. На основа на класификациите на кетерингот, услужуваните пазарни сегменти и спецификата на организацијата на операциите, направена и систематизирана е следната класификација на кетерингот: Трговски кетеринг, Специјализиран кетеринг, Кетеринг за транспортни средства и Надворешен кетеринг. Исто така, се разгледуваат видовите на објекти кои нудат кетеринг услуги како: Ресторани со целосна услуга, Хотелско сместување со храна и пијалак, Сали за кетеринг, Независни кетерери, Приватни клубови, Услуги за исхрана според потпишан договор и Продавници за гурманска храна и деликатесни производи.
Во третата глава се посветува внимание на развојот на кетеринг бизнисот и организацијата на кетеринг настани преку посочените основни четири етапи. Исто така, во ова поглавје се обработува истражувањето на пазарот на кетеринг услуги (понуда и побарувачка).
Четвртата глава им оддава внимание на маркетингот и продажбата во кетеринг услугите. Опфатен е маркетинг циклусот и различните видови на промоција на кетеринг компаниите.
Петтата глава го содржи материјалот поврзан методите за составување и креирање на кетеринг мени, креативноста и иновативноста во изборот на артиклите за различните тематски менија, еколошките менија и користењето на локалните производи.
Во шестата глава се обработуваат стандардите за квалитет и обуката на персоналот за извршување на кетеринг операции.
Во последната глава е опфатен материјалот кој се однесува на менаџирањето со кетеринг опремата, опремата за кетеринг настани на отворено и внатрешниот кетеринг.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 05 Mar 2018 13:16 |
Last Modified: | 05 Mar 2018 13:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19702 |
Actions (login required)
View Item |