Miteva, Zlatka (2017) Авторско ЦД на композиторката Јана Андреевска. [Audio]
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
CD slika.pdf Download (506kB) | Preview |
Abstract
Во издание на Сојузот на композиторите на Македонија и Музичко-издавачкиот центар од Скопје неодамна беше објавен компакт дискот "...am I a falcon, a storm or an unending song?" на композиторката Јана Андреевска. Ова ЦД претставува прво авторско издание на Андреевска и содржи избор композиции од нејзиниот камерен опус во последните триесет години. ЦД-то ги содржи композициите Варијации (1987), Scattered Blues (2000) и Етида за препарирано пијано (2000), „....сокол ли сум, бура, или бескрајна песна“ за квартет саксофони (2006), Изборни афинитети за камерен ансамбл (2004), Крај езеро за мешан хор (2002/2010), Болно лежи малој моме за мешан хор (2014), 2.2.4 to 4.4.2 за четирирачно пијано (2014) и Мандала за осум инструменти (2015). На албумот се застапени некои од најуспешните изведби на делата на Андреевска на домашните и странски концертни подиуми низ годините, од страна на реномирани македонски и странски изведувачи и ансамбли, меѓу кои пијанистите Ана Гацева, Хајди Елзесер и Ненад Лечиќ, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „Контемпора“, хоровите „Про Арс“ и Новиот Лондонски камерен хор, квартетот саксофони „Саксофон квадрат Берлин“, а во едно од делата, Варијациите за пијано, како изведувач се јавува и самата авторка. ЦД-то содржи и исцрпен текст од музикологот Марко Коловски за делата, инспирациите за нив и начините на кои тие меѓусебно се поврзани низ времето.
Item Type: | Audio |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Zlatka Miteva |
Date Deposited: | 20 Feb 2018 11:18 |
Last Modified: | 20 Feb 2018 11:18 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19598 |
Actions (login required)
View Item |