Слепиот гуслар Филип Митре неисцрпен извор на „Кралски песни“ од XIX век

Josimovska, Elena and Josimovska, Verica (2017) Слепиот гуслар Филип Митре неисцрпен извор на „Кралски песни“ од XIX век. Muzika, 20 (23). pp. 59-64. ISSN 1409-6579

[thumbnail of Spisanie-Muzika-2017-3-1-3-5.pdf]
Preview
Text
Spisanie-Muzika-2017-3-1-3-5.pdf

Download (90kB) | Preview
[thumbnail of Spisanie-Muzika-2017-3-1-59-63.pdf]
Preview
Text
Spisanie-Muzika-2017-3-1-59-63.pdf

Download (159kB) | Preview

Abstract

Патувачките пејачи на епски песни, составен дел на сите панаѓури по црквите и манастирите низ Балканот, се интересен дел од нашите музички традиции. Времето во кое тие живееле било време во кое царувале заразните болести особено Големите сипаници (Variola Vera) од која голем дел од заболените биле со трајни последици: глуви или слепи. Дел од нив овој хендикеп кој траел до крајот на нивниот живот, го победувале пеејќи им на другите и забавувајќи ги си го заработувале својот леб. Најчесто место каде можеле да се сретнат биле панаѓурите каде присутните биле нивната верна публика. Содржината на нивниот музички репертоар обично се состоела од воспевање на историски настани и личности кои оставиле трага со нивното јунаштво а се со цел тие да бидат пример за подигање на моралните квалитети кај слушателите.
Секоја балканска нација низ историјата си има свои слепи пејачи на епски песни. Грците го имаат Хомер, Србите Филип Вишњиќ додека за нас Македонците тоа е Филип Митре, патувачкиот изведувач на „кралски песни“ кој поради болест ослепел на двегодишна возраст. Тоа не го спречило во животот сам да си го заработува својот леб забавувајќи ги по панаѓурите и манастирите луѓето од сите култури, без разлика грчки или словенски., за време на неговиот живот бил сакан од сите нив. За ова откритие пред сè, му должиме на Сима Томиќ, благодарение на кого знаеме за нашиот македонски рапсод Филип Митре. Овој труд му го посветуваме на човекот со ќемане, неисцрпен извор на епски песни од времето на 19 век.
Клучни зборови: слепи гуслари, панаѓури, епски песни, македонски рапсод

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Verica Josimovska
Date Deposited: 26 Jan 2018 13:51
Last Modified: 26 Jan 2018 13:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19151

Actions (login required)

View Item View Item