Македонскиот национален идентитет во британската и американската дипломатска и обавештајна кореспонденција 1919-1945

Cepreganov, Todor and Josimovska, Verica and Cackov, Oliver and Nikolova, Sonja and Dzinko, Teon (2017) Македонскиот национален идентитет во британската и американската дипломатска и обавештајна кореспонденција 1919-1945. [Project] (In Press)

[thumbnail of todor_chepreganov_proekt_ugd.pdf]
Preview
Text
todor_chepreganov_proekt_ugd.pdf

Download (906kB) | Preview

Abstract

Во македонската историографија од ’90-те години на XX век до денес, се заокружија неколку теми во кои е обработен британскиот и американскиот политички интерес кон Македонија. Пред се, тоа се однесува на проектите кои го опфаќаа периодот на присуството на британските и воени мисии на САД во текот на Втората светска војна и британската и американската дипломатска кореспонденција кон Македонија. Како резултат на тие истражувана беа објавени и неколку монографии и зборници на документи. Со тоа пред македонската јавност, за прв пат се фрли светлина за ставовите на Велика Британија и САД кон Македонија и македонското национално прашање во наведениот период.

Меѓутоа, во македонската историографија сеуште постои голема празнина во однос на истражувањата за ставот на британскиот политички врв кон Македонија и македонскиот национален идентитет во периодот по завршувањето на Првата светска војна и Париската мировна конференција до 1945 година. Тоа е период во кој Велика Британија заедно со своите сојузници од војната ја “кроеја” политичката карта на Балканот, не водејќи притоа сметка за националните и територијалните интереси на одделни народи.

Со реализирањето на проектот би се овозможило да се даде слика како другите гледале на Македонија и македонскиот национален идентитет и тоа токму во времето кога, повторно, на Македонија и македонскиот народ им се негира нивната етничка и национална посебност не само од соседните држави туку и од внатре каде се повеќе се засилува процесот на негирање. А токму документите од британските и американските архиви би го покажале спротивното дека, македонскиот национален идентитет, не е никаква измислица на Коминтерната, туку дека Македонците поради склоп на надворешни и внатрешни историски околности не можеле, како сите други балкански држави, да ја експонира својата државна и национална посебност.

Item Type: Project
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Oliver Cackov
Date Deposited: 22 Jan 2018 10:14
Last Modified: 22 Jan 2018 10:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19037

Actions (login required)

View Item View Item