Механичка текстилна технологија 1

Jordeva, Sonja and Zhezhova, Silvana (2017) Механичка текстилна технологија 1. ISBN 978-608-244-450-5.

Full text not available from this repository.

Abstract

Оваа скрипта настана како резултат на потребата на студентите од II година на Технолошко-техничкиот факултет на студиската програма Дизајн на текстил и облека за совладување на знаењата по предметот Механичка текстилна технологија – прв дел. Скриптата е изработена според наставната програма за предметот како задолжителен предмет во II година во IV-ти семестар.
Скриптата се состои од два дела: Технологија на предење и Технологија на ткаење. Секој дел опишува по една од двете механичките текстилни технологии..
Во делот „Технологија на предење“ се обработени поглавја за својства на преѓите и опис на ефектните преѓи и системите за предење на памук, волна, свила тврди влакна и хемиски влакна. Дадени се технолошки шеми на предачките машини како и нивен опис.
Во делот „Технологија на ткаење“ детално се разработени процесите на подготовката за ткаење (премотување, дублирање, кончење и сновење, скробење) и процесот на ткаење на класичен разбој. Исто така даден е и опис на новите видови на разбои. На крајот од оваа тема се опишани основните, изведените и комбинираните преплетки.
Скриптата содржи 202 страни, 235 слики, шест табели.

Сметаме дека скриптата значително ќе им го олесни на студентите совладувањето на наставната програма по предметот Механичка текстилна технологија.

Сакаме да ја изразиме својата најискрена благодарност до рецензентите за укажаните забелешки и сугестии.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Engineering and Technology > Mechanical engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Sonja Jordeva
Date Deposited: 22 Jan 2018 11:48
Last Modified: 22 Jan 2018 11:48
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18996

Actions (login required)

View Item View Item