Социо-демографски карактеристики на болни со депресивни растројства во ГOБ 8ми Септември, Скопје од 2014-2016 година

Angeleska, Marina and Miloseva, Lence (2017) Социо-демографски карактеристики на болни со депресивни растројства во ГOБ 8ми Септември, Скопје од 2014-2016 година. Medicus, информативен гласник на јавното здравство - Штип, 11 (26). pp. 10-13. ISSN 1857-5994

[thumbnail of Angeleska & Miloseva Medicus.pdf]
Preview
Text
Angeleska & Miloseva Medicus.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Овој труд е ретроспективна студија за која, за увид и користење во податоците од електронскиот систем од Одделението за психијатрија и Психијатриска амбуланта, во март, 2016 година е добиено официјално одобрување од Менаџерскиот тим на ГOБ 8ми Септември, Скопје. Од сите болни кои се јавиле на преглед на Психијатриска Амбуланта, ГOБ 8ми Септември во периодот јануари 2014 година до декември 2016 година, се издвоени болните со депресивни растројства, во три групи, претходно дијагностицирани според Меѓународната статистичка класификација на болести, MKB-10: Депресивна епизода (F32); Перзистентни растројства на расположението (афектот) (F34) и Рекурентно депресивно растројство (F33).Презентирание податоци покажуваат дека возраста, полот и брачниот статус се поврзани со депресијата. Од обработените податоци се забележува дека ризикот од депресија е зголемен кај жените. Статус на образование е познато дека e обратно поврзан со депресијата. Пациентите со епизода на депресија беа релативно млади, и од женски пол. Повеќето од нив имаат средно ниво на образование и се вработени. Оваа студија покажа резултати со промени кај вработените лица и појава на пораст во секоја наредна година. Бројот на депресивните болни кои се во брак е поголем од оние кои не се во брак.Oва истражување нуди основа за креирање на стратегии за социјална поддршка на мултидисциплинарните тимови. Социјалната поддршка е важна варијабла која влијае на депресивната симптоматологија.Преку спроведувањето на истражувања од овој тип се овозможува продлабочување на знаењата за психосоцијалните потреби и градење на стилови на комуникација адекватни спрема социо-демографскиот профил на пациентот. Оправданоста се огледа исто така и во здобивање знаење и методи за одржување и промовирање на менталното здравје и добросостојба.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Lence Miloseva
Date Deposited: 26 Dec 2017 10:06
Last Modified: 26 Dec 2017 10:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18819

Actions (login required)

View Item View Item