Nacev, Trajce (2017) Извештај од сондажните археолошки истражувања на територијата зафатена од проектот за изградба на карго аеродромот „Филип Втори“ близу Штип. [Project]
Preview |
Text
Извештај.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Врз основа на претходно изготвени и одобрени план и програма, под раководство на Проф. Др. Трајче Нацев, беа извршени археолошки истражувања на две локации на територијата која што ќе биде опфатена со изградбата на карго аеродромот „Филип Втори“. Во истражувачкиот проект беа вклучени и Др. Дарко Стојановски (ко-раководител), како и студенти од група Археологија при Универзитетот Гоце Делчев, Штип.
Сондажни археолошки истражувања и рекогносцирање беа вршени во периодот помеѓу 24.04.2017 и 30.05.2017. Беше опфатена површина од над 100 ha западно од с. Мустафино и источно од река Немашница, од двете страни на асфалтниот пат помеѓу с. Ерџелија и с. Мустафино, Светиниколско. На оваа територија, со поставување на вкупно пет сонди, беа опфатени два археолошки локалитети: Узун Мера и Турски Гробишта, и двата на територијата на с. Мустафино. Преку рекогносцирање и поставување на сонди беше утврдена хоризонталната и вертикалната стратиграфија на теренот, како и импактот кој би го имала изградбата на планираниот аеродром врз овие два локалитети. Вториот локалитет беше претходно познат, додека Узун Мера е нов и по повеќе параметри уникатен во Македонската археологија.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Trajce Nacev |
Date Deposited: | 14 Dec 2017 10:42 |
Last Modified: | 14 Dec 2017 10:42 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18693 |
Actions (login required)
View Item |