Pop Zarieva, Natalija and Iliev, Krste (2016) Студија на случај: Зошто некои општествени движења се поуспешни од други? Зброник на трудови. Втора меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“. pp. 158-167. ISSN 978-608-244-314-0
Preview |
Text
Студија на случај. Зошто некои општествени движења се поуспешни од други.pdf - Published Version Download (453kB) | Preview |
Preview |
Text
Proceedings 2016-4.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Апстракт
Цел на овој труд е да се истражат основните карактеристики на општествените движења и да се утврди како и во колкава мера нивните дистинктивни обележја придонесуваат за нивната успешност. Успехот на општествените движења е тешко мерлива категорија имајќи го предвид фактот дека општествените движења се разликуваат во своите дејства, големина, природа, стратегија, културната, општествената и политичката состојба, како и многу други карактеристики. Трудот презентира неколку различни дефинирања за тоа што претставува поимот општествено движење. Понатаму, ги истражува елементите од кои се составени тие за да ги истакне критичните елементи кои ги прават некои општестевени движења поуспешни од други. Трудов идентификува четири надворешни и четири внатрешни фактори кои влијаат на успешноста на општествените движења. Од внатрешните фактори се фокусираме на: организациска трајност, прифатеност на противникот, степен и вид на организација и разновидност на лидерството. Од широкиот спектар на надворешни фактори ги анализираме: политичката средина, сојузници и јавното мислење. Основата на овој труд е студија на случај во која се анализираат и споредуваат две општествени движења: Движењето за правата на граѓаните (Civil Rights Movement) на Мартин Лутер Кинг и Движењето Окупирај го Волстрит (Occupy Wall Street Movement). Трудот дава преглед на основните дејства на овие движења, ги лоцира областите во кои тие имале успех и се обидува да ги открие факторите кои придонеле за едното да биде поуспешно од другото. Компаративната рамка ќе ни овозможи да ги контрастираме факторите кои имале влијание на успешноста на овие опшествени движења.
Клучни зборови: Општествени движења, успешност, фактори, Движење за правата на граѓаните, Движење окупирај го Волстрит
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Other humanities Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Krste Iliev |
Date Deposited: | 11 Dec 2017 12:55 |
Last Modified: | 11 Dec 2017 12:55 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18484 |
Actions (login required)
View Item |