Temjanovski, Riste and Jovanov, Tamara (2017) Дистрибутивните канали и предизвиците на земјите без излез на море. Macedonian International Journal of Marketing, 3 (5). pp. 15-22. ISSN 1857-9787
Preview |
Text (Journal info and editorial board)
Macedonian-Intl-Journal-of-Marketing-Issue 5 -INFO.pdf - Published Version Download (757kB) | Preview |
Preview |
Text (published paper)
Macedonian-Intl-Journal-of-Marketing-Issue-5-paper.pdf - Published Version Download (303kB) | Preview |
Abstract
Последните трендови на глобалната економија, сè поголемите барања на производителите, дистрибутерите и потрошувачите, го зголемува конкурентскиот притисок кај сите пазарни актери, што несомнено ја наметнува и потребата за примена на нови стратегии и повисок степен на ефективно планирање, координација и соработка меѓу националните економии и компаниите ширум светот. Во тој поглед посебно се поставува прашањето како да се подобрат состојбите кај оние економии кои немаат директен излез на море, а со тоа се доведуваат во ситуација на „географска хендикепираност“ во однос на земјите со директен пристап до морските пловни патишта.
И покрај фактот што земјите во развој имаат свој специфичен начин на развој на економска и социјална благосостојба, државите без излез на море се во многу полоша состојба поради нивниот карактеристичен географски хендикеп. Континенталните земји не само што се соочуваат со предизвикот на оддалеченост и изолација, предизвик за нив претставува и зависноста од транзит преку суверена земја, со кои тргува континентална земја за да помине и пристапи до меѓународните пазари. Повеќето дискусии укажуваат на тоа дека постојат сложени односи меѓу континенталните земји односно т.н. транспортно изолирани од глобалните пазари и и нивниот економскиот раст и логистички трошоци.
Високите логистички трошоци од една страна често зависат, од лошата патна инфраструктура, но друга страна претежно ниското ниво на логистички менаџмент и предвидливост, кој сам по себе претежно произлегува од високите давачки и владини регулативи кои ја зголемуваат неизвесноста во рамките на логистичкиот синџир.
Клучни зборови: земји без излез на море, транспорт, логистика, пазарни одлуки, управување со синџир на набавки
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Tamara Jovanov |
Date Deposited: | 18 Oct 2017 09:15 |
Last Modified: | 13 Aug 2018 10:35 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18322 |
Actions (login required)
View Item |