Apasiev, Dimitar (2017) Антички правни споменици - Хрестоматија. Manual. Magna Carta, Skopje.
Preview |
Text
82. Anticki pravni spomenici - Hrestomatija.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Оваа хрестоматија ја мислам уште од времето кога бев бруцош на правни студии. Тогаш имав сериозен проблем да ги пронајдам древните правни текстови на исчезнатите големи цивилизации и се заветив дека, ако некогаш станам универзитетски професор, ќе направам збирка со текстови на старовековните законици. Затоа, книгава првенствено е наменета за студентите од прва година на правните факултети во Македонија. Таа е плод на мојата научно-истражувачка и наставно-педагошка работа за време на вежбите и предавањата по предметот Историја на правото, кои во последниве пет учебни години ги држев на Правниот факултет при УГД – Штип.
Монографијава, всушност, има за цел да ја пополни празнината која, во македонски прилики, постои при систематското изложување на оваа древна материја и на студентите-почетници да им овозможи полесен пристап до најстарите пишани правни текстови кои ги познава човештвото – кои, соодветно и хронолошки, се собрани на едно место и притоа се групирани, преведени и стручно коментирани.
Структуролошки, овој практикум ги содржи најпознатите правни законици од Антиката – почнувајќи од Хамурабиевиот, преку Хетитскиот и дел од Мојсеевите закони, па завршувајќи со старохеленскиот Гортински законик од островот Крит. Во перспектива, за секоја обработена глава, авторот планира да изготви и засебен научен труд, кој би претставувал една тематска целина со оригиналниот текст – со што, наредното изменето и дополнето издание би резултирало со поголема скрипта или воведен учебник, кој постудиозно ќе ги обработува околностите и контекстот во кои настанале и важеле античките правни споменици од древното кинеско, индиско, египетско, вавилонско, хетитско, еврејско, феникиско, хеленско, македонско и римско правно наследство.
Искрено се надевам дека ваквиот синтетизиран и компаративен приказ на обичајноправните кодификации кои се појавувале низ милениумската политичкоправна историја, на студентите по право ќе им даде доволен увид во најстарите зачувани извори на правото, на кои се темели и современата светска и европска цивилизација, а на подобрите од нив ќе им послужи за понатамошни попродлабочени истражувања на оваа изворна и мошне значајна правноисториска материја.
Item Type: | Monograph (Manual) |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology Social Sciences > Law Social Sciences > Other social sciences Humanities > Philosophy, ethics and religion Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Dimitar Apasiev |
Date Deposited: | 13 Oct 2017 12:06 |
Last Modified: | 13 Oct 2017 12:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18240 |
Actions (login required)
View Item |