Судењето на вештерките во Римското и во Средновековното право

Apasiev, Dimitar and Maksimova, Elena (2017) Судењето на вештерките во Римското и во Средновековното право. Зборник на трудови од Четвртата меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, 4. pp. 177-193. ISSN ISBN 978-608-244-423-9

[thumbnail of Судење на вештерки.pdf]
Preview
Text
Судење на вештерки.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Во Антиката, паранормалните и езотерични вештини за предвидување на иднината (ars mathematica) и магиите (artes magicae) беа кривично гонети и казнувани, како намерно предизвикани т.н. ѓаволски интервенции на „лошите [демонски] сили“, со цел да се напакости на некого. Во текот на Средниот век, пак, за разлика од Западна Европа каде што доминираше суровоста на католичката инквизиција, измачувањето и спалувањето на црковните клади за вештерство (maleficium), во Источното Ромејско Царство, односно во Византија, прогонувањето на маѓесниците и врачевите беше со малку поумерен интензитет – главно поради доминацијата на православието, а подоцна и поради падот на тој дел од Империјата под исламска, т.е. турско-османлиска власт. Но, општо земено, низ целиот христијански Среден век кривичното право е опскурно, преполно со измислени религиозни кривични дела – меѓу кои вештерството стои на прво место – а жената, како најчест извршител, е во правно подредена положба на таткото, братот или мажот и е сметана за суштество од понизок ранг, поради наводната лесно расиплива природа. Овој коавторски труд, барем во македонски прилики, прави пионерски обид за расветлување на судењата на вештерките и маѓесниците во Старовековното римско и во Средновековното евро-континентално и англо-саксонско право, притоа давајќи и мошне интересни изворни записи од конкретни судски случаи кои се, повеќе или помалку, познати низ светската процесно-правна историја.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Social Sciences > Law
Humanities > Philosophy, ethics and religion
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 05 Oct 2017 08:54
Last Modified: 13 Dec 2024 10:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18237

Actions (login required)

View Item View Item