Ivanovska, Katerina and Petrusevska Sinadinovska, Tanja and Ruskovska, Tatjana (2017) Застапеност на метаболниот синдром кај текстилни работнички од градот Велес и околината. In: XVII Меѓународен семинар за квалитет контрола информатика и заштита во медицинска лабораториска дијагностика, 14-18 June 2017, Ohrid, Republic of Macedonia.
Preview |
Text
1. Katerina Ivanovska_Kniga na apstrakti.pdf Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text
2. Katerina Ivanovska_Apstrakt.pdf Download (271kB) | Preview |
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
3. Katerina Ivanovska_Poster.pdf Download (200kB) | Preview |
Abstract
Клучен елемент на социоекономскиот развој на секоја земја е здравјето на работниците, што предмет на интерес на медицината на трудот.
Работодавецот е должен на работникот да му овозможи систематски преглед. Прегледите се вршат на 12 или 24 месеци, зависно од изложеноста на ризик на работно место. Работното место работник во конфекција е со мал ризик.
Во ова истражување се опфатени 95 текстилни работнички од градот Велес и околината кои се упатени на редовен систематски преглед. Направени се сите анализи и испитувања кои се предвидени со тековните законски одредби.
За дијагностицирање на метаболниот синдром се определени серумските концентрации на глукоза, вкупен холестерол, триглицериди и HDL-холестерол со биохемискиот анализатор Biosystems A-15. Извршено е и мерење на крвен притисок, обем на струк, висина и тежина.
Анализата на податоците од нашето истражување покажа дека над 65% од испитаничките се со прекумерна телесна тежина или обезни (BMI: 25-30 или >30kg/m2).
Кај дел од испитаничките е дијагностицирана и појава на метаболен синдром и тоа:
Од 30 работнички со нормална телесна тежина кај 1 (3,3%) е дијагностициран метаболен синдром.
Од 34 работнички со зголемена телесна тежина кај 4 (11,7%) е дијагностициран метаболен синдром.
Од 31 обезна работничка кај 18 (58,1%) е дијагностициран метаболен синдром.
Сите работнички се со зачувана работна способност за конкретното работно место. Прекумерната тежина, дебелината и присуството на метаболниот синдром се состојби на кои во иднина треба да им се обрне поголемо внимание.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Tatjana Ruskovska |
Date Deposited: | 12 Sep 2017 07:07 |
Last Modified: | 12 Sep 2017 07:07 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18195 |
Actions (login required)
View Item |