Fotov, Risto and Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2012) Конвергенција на финансиското известување во услови на глобализацијата и кризите како феномени на современиот развој. In: Конвергенција на основите на финансиското известување во услови на економска криза и позиционирање на сметководствената професија во рамките на овој процес. Сојуз на сметководители на Република Македонија, Струга, pp. 61-88. ISBN 978-9989-747-31-1
Text
Труд за Симпозиум на СС-Фотов,Ѓ.Трајковска.docx Download (124kB) |
Abstract
Глобализацијата обезбедува поврзување на светското стопанство и овозможува слободно движење на стоките и капиталот. Капиталот се повеќе се сели во области и простори каде што може побргу да се оплоди, по повисока профитна стапка. Самото селење на капиталот претстваува процес на “интернационализација на капиталот”, во непосредна поврзаност со глобализацијата. Финансиското известување претставува еден од столбовите на функционирање на претпријатијата во глобалната економија. Таквиот процес наметнува потреба од воспоставување рамнотежа помеѓу ризикот и можностите. Доколку доверливите и споредливите информации не се редовно достапни, во таков случај сопствениците не само што не ќе можат да го проценат квалитетот на менаџментот во менаџирањето на компанијата, туку не ќе бидат во состојба да влијаат на нејзината работа или, пак, да го заменат менаџментот со нов, подобар. Тоа исто така ќе влијае и на инвеститорите да не можат да донесат соодветна проценка за вредноста на компанијата, за да врз таа основа донесат правилна и рационална одлука за различните инвестициони можности, што влијае на зголемување на цената на капиталот и на помалку ефикасна аклокација на ресурсите. Годишните извештаи на компанијата претставуваат лична карта за финансиските текови и релативната сила и привлечност на земјите, во кои тие компании работат.
Item Type: | Book Section |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Olivera Trajkovska |
Date Deposited: | 24 Nov 2012 10:38 |
Last Modified: | 24 Nov 2012 10:38 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1775 |
Actions (login required)
View Item |