Tusevska, Borka (2009) Понуда на неопределени лица - општа понуда. Pravnik.
Text
Општа Понуда.doc Download (83kB) |
Abstract
Општата понуда претставува исклучок од правилото според кое понудата мора да биде упатена на определено лице. Како правна категорија признаена во повеќе национални законодавства, општата понуда својата оправданост ја извлекува од едно од основните начела на облигационото право – начело на автономија на волја. Во основата на оваа доктрина егзистира правото на понудувачот самиот да одлучува кои и колку субјекти ќе имаат можност преку акцептирање на неговиот предлог за склучување на договор да се трансформираат во договорна страна на конкретен облигационен однос. Општоста на понудата се изразува во тоа што е упатена кон неодреден и неограничен број на лица . Имено, уредувањето на институтот „општа понуда“ во рамките на одделни нацинални законодавства овозможува како страна на конкретен облигационен однос да се појави секое лице, учесник во правниот промет, кое ќе ги прифати условите под кои понудувачот има намера да го склучи договорот. Под институтот на „општа понуда“ егзистираат бројни договори со иста содржина, склучени помеѓу исти или слични страни, што е резултат на фактот дека општата понуда не згаснува со склучувањето на еден договор.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Borka Tusevska |
Date Deposited: | 22 Nov 2012 15:04 |
Last Modified: | 05 Dec 2012 09:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1739 |
Actions (login required)
View Item |