Традиционалните музички инструменти во функција на зајакнувањето на националниот идентитет на македонскиот народ по 1989 година

Angelov, Goranco (2016) Традиционалните музички инструменти во функција на зајакнувањето на националниот идентитет на македонскиот народ по 1989 година. In: Fifth Symposium of the ICTM Study Group on Music and Dance in Southeastern Europe, 2-8 May 2016, Blagoevgrad, Bulgaria. (Unpublished)

[thumbnail of Preliminary program - Blagoevgrad 2016 (issued 12-March).pdf]
Preview
Text
Preliminary program - Blagoevgrad 2016 (issued 12-March).pdf

Download (158kB) | Preview
[thumbnail of Tekst MK.pdf]
Preview
Text
Tekst MK.pdf

Download (426kB) | Preview

Abstract

Многубројните напеви создавани во минатото од анонимните талентирани творци и пренесувани по усмен пат допринеле преку пеаниот збор да се зачуваат бројни настани од животот на македонскиот народ. Секојдневните настани од животот биле инспирација народот да создава песни преку кои ги искажува своите чувства опејувајќи ги најубавите мигови од животот, опејувајќи ја работата од која живееле и опејувајќи ја тиранија вршена над него од страна на разните окупатори. Напевите се изведувале чисто вокални или во придружба на некој традиционален музички инструмент кој што бил карактеристичен за регионот во кој се пеело. Традиционалните музички инструменти заземале свое место во голем дел од обредите кои ги негувал македонскиот народ а имале значајна улога и во градењето и зачувувањето на националните чувства. Музичките инструменти како што е гајда, кавал, шупелка, ќемане, тамбура, зурла и тапан, допринеле во градењето на колективното чувство за своето, за нашето, за различното од другите и се своевиден мост помеѓу минатото и денешнината. Употребата на одредени музички инструменти ни овозможува да осознаеме до каде се простира некој народ со исти или слични музички традиции, навики, обреди и минато. Овие би рекле примитивни музички инструменти во минатото биле негувани во руралните средини и можеме да кажеме дека до неодомна овие средини беа и најголемите чувари на овој инструментариум.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Goranco Angelov
Date Deposited: 13 Feb 2017 13:54
Last Modified: 13 Feb 2017 13:54
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17352

Actions (login required)

View Item View Item