Мануелна терапија и мобилизација на периферни зглобови

Kraydjikova, Leyla and Nikolovska, Lence and Krstev, Toshe and Vasileva, Dance and Stratorska, Tamara (2016) Мануелна терапија и мобилизација на периферни зглобови. Универзитет „Гоце Делчев” - Штип, Штип. ISBN 978-608-244-311-9

[thumbnail of МТ1.pdf]
Preview
Text
МТ1.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Мануелната терапија е една од најдревните медицински специјалности. Таа го следи човештвото уште од појавата на човечкиот род. Раката како „орган на органите“, како што ја нарекува Аристотел, извршувала редица исклучително сложени трудови дејности. Со „овој надворешен мозок“ (Кант) човекот освен што произведувал материјални добра, ги лекувал и своите непријатни болки. Докази за примената на мануелната терапија се откриени во многу историски материјали од сите древни цивилизации. Научниот развој на мануелната терапија е многу сложен и контрадикторен бидејќи зависел од владејачките религиозни и политички догми, карактеристични за определени епохи и општества. Во зависност од овие догми, често била прогласувана за „ерес“, а практикантите кои ја применувале биле подложени на репресии и прогон. Од друга страна, во деветнаесеттиот век во САД методот бил лансиран многу широко и откако бил прогласен за панацеја бил спротивставено поставен на класичната медицина. Ваквиот развој на настаните предизвикал појава на отпор од страна на лекарите што од своја страна му наштетило на научниот развој и практичната примена дури во денешно време.

Item Type: Book
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Tose Krstev
Date Deposited: 26 Jan 2017 09:47
Last Modified: 26 Jan 2017 09:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17009

Actions (login required)

View Item View Item