Josimovska, Verica (2016) Книжевноста како сведок на историјата. Зборник на трудови од Прва меѓународна научна конференција ФИЛКО - Филологија, култра и образование. pp. 345-350. ISSN ISBN: 978-608-244-308-9
Preview |
Text
verica.pdf Download (709kB) | Preview |
Abstract
Настаните и личностите низ историјата кои биле забележителни и важни за времето во кое се случиле честопати се предмет или тема на литературно дело. На тој начин Историјата се претвора во уметност која од голема далечина ни ги приближува важните настани кои веќе одамна би биле заборавени. Во трудот се обработуваат историски настани кои послужиле како инспирација за книжевно дело на тема болест. Тоа најчесто се дела со автобиографски елементи, како на пример Ф. М. Достоевски кој боледувал од епилепсија како и неговиот лик, принцот Мишкин во романот „Идиот“. За туберкулозата пишувале А. Чехов и сестрите Бронте, Е. Дикинсон, за депресијата Е. Хемингвеј, В. Фокнер, Т.С.Елиот...... Конкретно за овој труд се одлучив да ги обработам историските теми за големите епидемии на чума во средниот век и колерата во 19 век и големата смртност меѓу населението, што авторите во своите дела многу реално ја прикажале. Доволно е да се анализираат десетте дена на Бокачовиот „Декамерон“, Приказната за „Сан Микеле“ од Аксел Мунте и „Смртта во Венеција“ од Томас Ман па да се да се доживеат сите ужаси што ги преживеал самиот автор. Книжевноста описот на болестите го користи како историски доказ на животот и тродимензијалното опишување на ликовите и општеството.
Клучни зборови: Книжевност, историја, болести, автобиографски елементи.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Verica Josimovska |
Date Deposited: | 02 Dec 2016 10:24 |
Last Modified: | 02 Dec 2016 10:24 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16741 |
Actions (login required)
View Item |