Naseva, Simona (2016) Примена на технички влакна за композитни цевки: добивање и карактеризација. Masters thesis, Goce Delcev University .
Preview |
Text
С.Насева-Магистерски-труд-1.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Во рамките на оваа магистерска работа беше направено истражување за примена на технички влакна во добивање на композитни структури со користење на технологијата на намотување на филаменти. Беа применети стаклени влакна како зајакнувачки материјал во добивањето на полимерни композитни цевки. Беа произведени композитни цевки со различен дизајн т.е. со различни агли на намотување на влакната од 90º, 10º и 45º и беше направена карактеризација на физичко механичките својства на добиените композитни структури. Со помош на сплит – диск тест метода беше тестирана силата на истегнување на прстенести примероци. Беше добиено дека поголемиот агол на намотување на влакната во композитните цевки доведува до поголеми јачини на истегнување. Деструкцијата на влакната и на интерфејсот меѓу влакната и матрицата беше доминантен механизам на кршење кај примероците намотани со агол 90º. Додека деламинација беше забележана кај примероците со помал агол на намотување (10º). Од добиените резултати беше заклучено дека механичките карактеристики на композитните примероци зависат многу од аголот на намотување на влакната при нивно добивање со технологијата на намотување на филаменти. Врз основа на СЕМ анализите беше забележано дека постои добра поврзаност помеѓу влакната и смолата, а на местата на прекин од тестирањето беше забележана одредена деструкција на влакната и на матрицата.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 09 Nov 2016 14:47 |
Last Modified: | 22 Nov 2016 12:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16636 |
Actions (login required)
View Item |