Практикум по Механичка текстилна технологија

Jordeva, Sonja and Zhezhova, Silvana (2016) Практикум по Механичка текстилна технологија. ISBN 978-608-244-303-4.

Full text not available from this repository.

Abstract

Овој практикум настана како резултат на потребата на студентите од II
година на Технолошко-техничкиот факултет на студиската програма Текстил,
дизајн и менаџмент за совладување на знаењата по предметот Механичка
текстилна технологија. Практикумот е изработен според наставната програма за
предметот како задолжителен предмет во II година во IV-ти семестар.
Практикумот се состои од четири дела: Технологија на предење, Технологија на
ткаење, Технологија на плетење и Технологија на неткаен текстил. Секој дел
опишува по една од механичките текстилни технологии и содржи примери со решени
задачи како и задачи за вежби.
Во делот „Технологија на предење“ се обработени поглавја за означување на
едножични и повеќежични преѓи, финост на преѓата како едно од најважните својства
на преѓите и механичкиот пренос на енергијата кај предачките машини.
Во делот „Технологија на ткаење“ детално се разработени основните
параметри на ткаенините и даден е преглед на основните преплетки кај
ткаенините.
Во делот „Технологија на плетење“ се објаснети кулирните и основинските
плетенини како и нивните структурни параметри. Даден е и преглед на основните
преплетки кај кулирните и основинските плетени.
Во делот „Технологија на неткаен текстил “ се опфатени својства на влакна и
својства на копрена како основни суровини за добивање на неткаен текстилен
материјал обработени преку решени задачи.
Практикумот содржи 62 страни, 38 слики, две табели и 52 задачи од кои 17
решени примери и 35 примери за самостојно решавање.
Сметаме дека практикумот значително ќе им го олесни на студентите
совладувањето на наставната програма по предметот Механичка текстилна
технологија.
Сакаме да ја изразиме својата најискрена благодарност до рецензентите за
укажаните забелешки и сугестии.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Engineering and Technology > Mechanical engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Sonja Jordeva
Date Deposited: 26 Sep 2016 12:53
Last Modified: 05 Feb 2018 10:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16309

Actions (login required)

View Item View Item