Krstev, Toshe and Nikolovska, Lence and Vasileva, Dance and Stratorska, Tamara and Kolevska, Monika (2016) Кинезитерапија при функционални нарушувања на сакроилиачните зглобови. In: Втор Конгрес на физиотерапевти на Република Македонија, 16-18 Sept 2016, Struga, Macedonia.
Preview |
Slideshow (pdf prezentacija)
struga.pdf - Presentation Download (3MB) | Preview |
Preview |
Text
Prezentacija Toshe Krstev.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Вовед. Функционалните нарушувања со моторен дефицит во сакроилиачните зглобови се карактеризираат со локална и/или ирадирачка болка, како и соодветни рефлекторни реакции од страна на различни зглобови на рбетниот столб. Тие можат да предизвикаат појава на сколиоза, зглобни блокади и други клинички синдроми.
Цел. Целта на ова истражување беше да се создадат и оценат две кинезитерапевтски методики кај пациенти со дисфункција на сакроилиачните зглобови и болка во лумбосакралната област, едната од кои во комбинација со мануелно мобилизациски техники, а другата за самостојна примена во домашни услови.
Материјал и методи. Истражувањето се спроведе во периодот од март 2009 година до октомври 2014 година. Во него беа вклучени 94 пациенти (48 мажи и 46 жени) со лумбосакрална болка како последица на дисфункција во сакроилиачните зглобови. Пациентите поминаа курс по кинезитерапија во траење од 15 дена и во кој беа вклучени 10 терапевтски процедури. Пациентите беа поделени во три групи во зависност од применетите терапевтски средства. Група А (n=30) - класична масажа и аналитички вежби на стабилна површина, Група Б (n=41) - мобилизирачка и манипулативна масажа (според Териер), зглобна мобилизација (техниката на Стодарт со вкрстени раце, Вентро - каудално лизгање, вентрализација на сакрумот, дорзално лизгање на илиумот) и вежби на фитнес топка и Група В (n=23) - вежби на стабилна површина и вежби и средства за автомобилизација. За оценка на ефективноста на применетата терапевтска програма направивме мерења за оценка на: зглобната функција, болката, мускулната сила и издржливост како и општата здравствена состојба.
Резултати. Забележавме подобрување во вредностите на сите измерени параметри кај сите групи. Најдобри резултати со статистичка разлика се забележа кај експерименталната Група Б по неа кај група В, а најмала разлика кај контролната Група А.
Заклучок. Примената на мануелно мобилизациски техники како за обработка на меките ткива така и за зглобна мобилизација, доведува до побрзо намалување на болката и создавање на услови нормализирање на мускулната сила и издржливост. За превенција на рецидивите, кинезитерапевтската програма е потребно да биде надополнета со мерки за автомобилизација како и совети за правилно исполнување на секојдневните активности.
Референци: сакроилиачна болка, мануелна мобилизација, фитнес топка, масажа
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Tose Krstev |
Date Deposited: | 27 Sep 2016 09:16 |
Last Modified: | 27 Sep 2016 09:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16302 |
Actions (login required)
View Item |