Trajkova, Nevenka and Palija, Kristina and Bogoevska, Menka (2016) Настап на трио Grazioso на свеченото отварање на светскиот триатлон во Лараче - Мароко. [Performance]
Preview |
Text
Binder11.pdf Download (177kB) | Preview |
Abstract
Трио „Grazioso“ кое е во состав м-р Кристина Палија (сопран), д-р Невенка Трајкова (пијано) и Менка Богоевска (виолина), неодамна ја претставија Р.Македонија и на турнеја на сцените низ Мароко. Турнејата ги вклучи градовите: Маракеш, Келаа, Рабат, Казабланка, Лараче и Тетуан. Имаа чест да го отворат и познатиот „Триатлон“, кој се организира секоја година во Лараче и на кој има учесници-спортисти од целиот свет. Тие се први претставници од областа на културата кои настапиле на сцените низ Мароко, соопштија од Амбасадата на Мароко во Софија.
Во соработка со асоцијациите од Шпанија кои се занимаваат со социјална дејност „Родина“ и „Балкан“, беа успешно реализирани неверојатни концерти во неколку градови низ Мароко.
За нивниот настап пишува и мароканскиот веб-портал alkhabaralaan.com кој вели дека нивниот настап е доказ за промоција на културната коегзистенција во светот и дека настапот ги воодушевил присутните каде што тие настапувале со свои колеги од други држави.
Со овие настапи триото не само што остави свој музички печат и во африканската културна ризница, туку е и достоен амбасадор на својата држава.
Настапот на трио „Grazioso“ во Мароко има голем придонес за афирмирањето на нашата култура и фаворизирањето на нашата држава, бидејќи никогаш до сега името Македонија не било толку често извикувано од сите страни низ улиците, салите и на манифестациите во Мароко.
Item Type: | Performance |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Nevenka Dukovska |
Date Deposited: | 08 Jul 2016 11:03 |
Last Modified: | 08 Jul 2016 11:03 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15988 |
Actions (login required)
View Item |