Sitnovski, Vlatko (2015) Методика на откривање на прекуграничниот криминал на државната граница на Р. Македонија со Р. Бугарија во периодот од 2005 до 2011 година. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
__tsclient_D_Методологија на откривање на прекуграничен криминал - 11..pdf
Download (4MB) | Preview
Abstract
Во Република Македонија постојат повеќе истражувања на криминалот, во коишто истиот, во зависност од мотивите и целта на издржувањето, е поимно определен на повеќе начини, со јасна видова и типолошка поделба. Под оваа капа, како тип на криминал, свое место наоѓа и прекуграничниот криминал, за којшто слободно може да се каже дека е сè уште недоволно истражуван во сите негови сегменти, поаѓајќи од неговите појавни облици, обем, интензитет и завршувајќи со методите на негово откривање и специфичностите во криминалистичката тактика и техника во борбата против него.
Поаѓајќи од ова, со разработката на темата на овој труд, ќе се направи обид за утврдување на обемот, интензитетот и појавните облици на прекуграничен криминал на државната граница на Република Македонија со Република Бугарија во периодот од 2005 година до 2011 година, како и методите на негово откривање со примена на современите криминалистичко-тактички стандарди во работата и современите криминалистичко-технички средства и опрема.
Клучни зборови: прекуграничен криминал, гранична полиција, граничен премин, државна граница, гранична линија
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Aleksandar Tolev |
Date Deposited: | 23 May 2016 08:35 |
Last Modified: | 23 May 2016 08:35 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15855 |