Stojanovski, Strasko (2016) Од Милет до Нација: Создавање на нациите и национализмите на Балканот. Other. Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, Штип.
Preview |
Text
od milet do nacija repozitorium.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Милетскиот систем во рамките на доцноосманлиската империја служи како основа за создавање на современите идентитети на Балканот. Структурата на овој систем претпоставува конфесионално санкционирана поделба на заедниците. Она што ѝ дава форма на новиот тип на идентификација е националната идеологија, продуцирана на Запад и импортирана во рамките на империјата. Притоа моделите на создавање на идните национални идентитети се движат од трансформацијата на панхристијанството (панправославие) преку панславизмот до чистите форми на национализам. Истовремено територијалноста е инкорпорирана во идејата за татковината, што заедно со претпоставените етно-јазични групни карактеристики ги создава предусловите за создавањето на нациите-држави и на нив придружните колективни идентитети. Сличен, иако подоцнежен, е и процесот на создавање на современиот турски идентитет кој се развива од фазите на паносманизам, преку панисламизам, па сè до турскиот национализам.
Македонскиот протонационализам своите почетоци ги има во рамките на религиското христијанско екуменство и автономијата на црковно-училишните општини, за да преку панславистичката фаза се развива идејата и потребата за државност, претставена преку борбата за здобивање на автономен статус на Македонија. Притоа, иако се развива подоцна, македонскиот национален идентитет ги има сите карактерни особини на останатите балкански нации во периодот на нивното оформување. Националниот натпревар и борбата за стекнување на сфери на влијание на младите балкански нации-држави делува стимулативно за повлекување на границите на македонската идентификација. Сепак, мора да се забележи дека отсуството на матични македонски национални институции го оневозможува целосното национално оформување, што, пак, е искористено по 1913 година и поделбата на Македонија за побрза асимилација во рамките на државите во кои потпаѓа населението. Државноста реализирана по Втората светска војна овозможи во НР (СР) Македонија да се оформат предуслови за институционално градење на целосно оформената македонска нација.
Клучни зборови: милетски систем, национален идентитет, Османлиска империја, балкански нации-држави, Македонија, македонски идентитет.
Item Type: | Monograph (Other) |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology Social Sciences > Law Social Sciences > Political Science Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Strasko Stojanovski |
Date Deposited: | 18 Feb 2016 14:39 |
Last Modified: | 18 Feb 2016 14:39 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15508 |
Actions (login required)
View Item |