Римско судско право - I

Apasiev, Dimitar (2016) Римско судско право - I. Other. Magna Carta, Skopje.

[thumbnail of Rimsko sudsko pravo I - za Erepozitorium.pdf]
Preview
Text
Rimsko sudsko pravo I - za Erepozitorium.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Овaa моја прва книга по Римско судско право е наменета, првенствено, за студентите од прва година на правните факултети во Република Македонија, коишто овој предмет го слушаат како задолжителен во првиот или во вториот семестар од студиите. Истата може да им послужи и на постдипломците или на докторантите од подпрограмата „Римско право“, во рамки на Институтот за правно-историски науки.
Тaa е плод на научноистражувачката работа за време на моите докторски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, како и при подготовката на мојата докторска дисертација. Имено, римското право, во суштина, беше процесно право, па ценам дека ваквото претставување на организацијата на инокосните и колегијалните органи кои ја вршеа кривичната јурисдикција во древниот Рим, ќе биде интересно четиво за „младината желна за изучување на законите“ (cupidae legum iuventuti), која за прв пат се среќава со оваа мошне значајна материја од доменот на правната романистика.
Искрено се надевам дека ваквиот систематизиран приказ на правосудниот систем на Римјаните од најстариот период на нивниот државно-правен развој – кој, барем во македонски прилики, е пионерски обид за ваков тематски правно-историски пристап, ќе им даде на студентите по право доволен увид во начинот на првичното правораздавање и примитивниот концепт за правда кој постоел кај античките народи, a на подобрите од нив ќе им послужи за понатамошни продлабочени истражувања на оваа мошне значајна материја.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Humanities > History and archaeology
Social Sciences > Law
Humanities > Philosophy, ethics and religion
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 17 Feb 2016 10:00
Last Modified: 17 Feb 2016 10:00
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15485

Actions (login required)

View Item View Item