Историја на архитектурата, уметноста и урбанизмот 2

Namicev, Petar (2015) Историја на архитектурата, уметноста и урбанизмот 2. ISBN 978-608-244-192-4.

[thumbnail of Историја на архитектура 2.pdf]
Preview
Text
Историја на архитектура 2.pdf

Download (19MB) | Preview

Abstract

Низ вековите развојот на архитектурата поминала низ сите фази на својата еволуција, во конструкцијата и обликувањето, каде се дефинирале најзначајните архитектонски стилови, при што архитектурата станува одраз на општествените стремежи на своето доба. Постоењето на обемна литература за овие историски периоди, од различен аспект и различна содржина на творештвото на архитектонската форма, претставува одраз на општествените потреби. Можностите за развој на архитектонската форма и уметноста се во потполна зависност од напредокот на цивилизациите, културите и развиената техника кај поедини народи. Притоа во презентираниот материјал за архитектонското и уметничкото творештво, направен е обид да се прикаже како природен процес на својот развој, условен од општествените потреби, поврзани со општествените односи, економско политичките услови, техничкиот напредок и климатските прилики. Според обемот на материјалот направена е одредена избалансирана застапеност на периодот на Рококо стилот, преку архитектурата и уметничкото творештво на Новиот век, да се опфатат најобемните и влијателни творештва на архитектонските стилови и стиловите во уметноста. Притоа даден е приказ на најзначајните карактеристики на развојот на модерната архитектура, урбанизам и уметност во светот, и нивните меѓусебни влијаниа во периодот на Новиот век. Во првиот дел опфатени се периодите на развојот на архитектурата и уметноста на 18 и 19 век во Рококо, Класицизмот, Неокласицизмот, Романтизмот, Реализмот во рамките на развојот на архитектурата и уметноста на ови стилски правци, како и влијанието на конструктивизмот и рационализмот во историјата на архитектурата. Периодот на Новиот век презентиран е преку развојот на современите и актуелни движења во архитектурата, уметноста и урбанизмот. Во периодот на Новиот век опфатени се најзначајните движења –Баухаус, како и најзначајните архитекти Волтер Гропиус, Мис Ван дер Рое, Франк Лојд Рајт, и Ле Корбизие.Опфатени се и дел од современите архитекти- Алвар Алто, Оскар Нимаер и др. кои оставиле најголема трага во поновата човекова историја. Во периодот на Новиот век опфатени се периодите од совремната уметност Импресионизам, Постимпресионизам, Сецесија, Експресионизам, Фовизам, Кубизам, Футуризам, Дадаизам, Поп арт, Концептуална уметност, Ленд арт )(кои имале најголмо влијание врз другите уметнички движења во истиот период. Во последниот дел опфатен е развојот на архитектурата и уметноста во Република Македонија. За прикажување и систематизирање на архитектурата и уметноста прифатен е систем каде секоја епоха содржи еден општ преглед на архитектурата и условите во кои е создавана, потоа развојот на архитектурата според одредени историски поделби, конструктивни материјали и системи, архитектонска композиција, презентација на архитектонските споменици со осврт на главните типови, нивен опис и сл.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Petar Namicev
Date Deposited: 16 Feb 2016 14:03
Last Modified: 16 Feb 2016 14:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15481

Actions (login required)

View Item View Item