Angelov, Goranco (2015) Балканската етноорганологија и нејзиниот придонес во истражувањето на музичкиот инструмент зурла. In: Теорија и емпирија: Институционализирана фолклористика и етнологија во Македонија и на Балканот, 20-21 Nov 2015, Skopje, Macedonia. (Unpublished)
Preview |
Text
Г. Ангелов- Балканската етноорганологија и нејзиниот придонес во истражувањето на музичкиот инструмент зурла.pdf Download (393kB) | Preview |
Preview |
Text
IFMC Final Program.pdf Download (677kB) | Preview |
Abstract
Нашиот продлабочен интерес за истражување на традиционалните музички инструменти во Македонија наметнува перманентно проучување на претходните етноорганолошки истражувања спроведени од домашни и странски фолклористи кои се вршени на територијата на денешна Република Македонија. Трудовите објавени во минатото во поголемите научно-образовни и културни центри (Белград, Загреб, Софија и др.) се од непроценливо значење за секој млад истражувач бидејки сведочат за состојбите во време кога музичкиот фолклор имал огромна улога во севкупниот живот на населението. По формирањето на македонската држава во 1945 год. а подоцна и со формирањето на Институтот за фолклор, во Македонија се создаваат реални услови за теренски истражувања поврзани со инструменталната музичка традиција, архивирање и обработување на здобиениот материјал и негово објавување. Од денешна инстанца, објавените трудови во периодот пред и по формирањето на македонската држава ни овозможуваат да го проследиме егзистирањето на инструменталната музичка традиција во континуитет од 65 па и повеќе години наназад. Во тоа време музичкиот фолклор се практикувал, се создавал и надградувал во своите природни средини што овозможило негово автентично бележење.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Goranco Angelov |
Date Deposited: | 12 Feb 2016 11:26 |
Last Modified: | 12 Feb 2016 11:26 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15431 |
Actions (login required)
View Item |