Cackov, Oliver (2016) Штип и штипско за време на Првата светска војна 1914 - 1918 година. Организација на резервни офицери на Р. Македонија. ISBN 978-9989-2112-4-9
OC book.pdf
Download (329kB) | Preview
Abstract
Со книгата „Штип и Штипско за време на Првата светска војна 1914-1918 година“се прави обид за ретроспектива на настаните од четири годишната крвава војна од која штипското население, претрпело големи последици. Во тие четири години штипскиот регион бил претворен во едно боиште,заедничка гробница на повеќе војски. Освен Штип и сите македонските градови и села биле изложени на постојано бомбардирање и од Антанатата и од Централните Сили во зависност од тоа која војска се наоѓала во нив. Има примери каде цели градови и села биле толку разурнати што повеќе не постоеле на географската карта. Во Штип цели маала биле до темел разурнати од што биле создадени голем број бездомни семејства. Населението од штипскиот регион секојдневно било искористувано за принудна работа, принудна мобилизација и реквизиција на се што може да се реквизира ( храна, стока, предмети од домаќинството и друго). Поради болестите што ги носеле војските страдало и цивилното население од што подоцна имало многу инавалиди, а многу членови во семејствата починале. Младинците од штипскиот регион биле регрутирани било во бугарската било во српската војска. Покрај тоа останале многу инвалиди. По завршувањето на војната луѓето останале да живеат во разурнатите домови со уништената покуќнина без храна и средства за живот. Првата Светска војна покрај тоа што нанела големи срадања не го решила проблемот за кој започнала. По дваесетина години се случило нејзино продолжение - Втората Светска војна.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Oliver Cackov |
Date Deposited: | 10 Feb 2016 10:20 |
Last Modified: | 10 Feb 2016 10:20 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15311 |