Форми на изучување на вештините на свирење на музичкиот инструмент зурла

Angelov, Goranco (2015) Форми на изучување на вештините на свирење на музичкиот инструмент зурла. In: Музика и образование. Сојуз на композитори на Македонија - СОКОМ, pp. 77-86. ISBN 978-9989-801-15-0

[thumbnail of Zbornik SME -2015.pdf]
Preview
Text
Zbornik SME -2015.pdf

Download (13MB) | Preview

Abstract

Во минатото, неформалното образование поврзано со изучувањето на народните музички инструменти се стекнувало во средините каде се употребувале одредени музички инструменти. Нивните тонски карактеристики и звучен колорит можеле да се слушнат за време на свирењето од страна на народните свирачи кои свиреле во различни прилики. Целиот процес на слушање на музика се одвивал во природната средина каде што одредни инструменти биле дел од локалната традиција и биле прифатени од населението. Во овие средини се довивал и процесот на пренесување на инструменталната музика и свирењето на иунструменти. Искусните инструменталисти (свирачи) своето знаење поврзано со инструментот го пренесувале на помладите поединци кои биле музички талентирани и пројавувале интерес за изучување на музички инструмент. Пренесувањето од генерација на генерација резултирало со задржување на старата инструментална традиција и опстојување на музички инструменти кои во поново време се потиснатти од современите не автохтони музички инструменти. Свирењето на народни музички инструменти во минатото се изучувало (пренесувало) на традиционален начин со усно пренесување преку формата свирење, слушање и
повторување. Овој начин на пренесување има голема заслуга и за зачувувањето на автентичната традиционална музика создавана и напластувана со векови наназад. Како учители кои имале голема улога во обучувањето на идни инструменталисти биле сите оние што свиреле на музички инструмент. Со нивното свирење тие овозможувале помладите и музички талентираните преку слушање да апсорбираат дел од нивниот музички репертоар.1 Овој начин на пренесување на свирење на народни музички инструменти бил присутен и во Македонија и допринел да се зачуваат бројните напеви кои се создавале од страна на талантираните инструменталисти кои со текот на времето изградиле свој автентичен музички израз карактеристичен за нашето поднебје.

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Goranco Angelov
Date Deposited: 28 Jan 2016 11:57
Last Modified: 28 Jan 2016 11:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15150

Actions (login required)

View Item View Item