Спорот за името меѓу Македонија и Грција: македонскиот идентитет и употребата на терминот „македонец“ во делот на Македонија под Грција

Ljorovski, Dimitar and Stojanovski, Strasko and Nikolova, Magdalena (2015) Спорот за името меѓу Македонија и Грција: македонскиот идентитет и употребата на терминот „македонец“ во делот на Македонија под Грција. In: Second International Scientific Conference: Social Change in the Global World, 3-4 Sept 2015, Stip, Macedonia.

[thumbnail of Binder1s.pdf]
Preview
Text
Binder1s.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Преку интердисциплинарен пристап во кој се инкорпорирани теориите за нациите и национализмот и историските процеси на градење на нацијата, се прави обид да се дојде до суштината на проблемот за Спорот за името меѓу Македонија и Грција. Формалните аспекти на меѓународно-правните односи меѓу двете земји, поврзани со тесниот мандат во рамките на преговорите во ООН, во суштина се темелат на историските процеси на градење на идентитетот во двете земји. Суштината на спорот за името може да се пронајде во расно мотивираниот грчки конструкт „славофони“, кој треба да послужи како преодна етапа кој асимилација. Истото, сепак, грчката држава го негира преку инцидентното, со историски употребувано име „македонец“, кое упатува на идентитетската посебност на Македонците. Денес, грчкиот колективен историски мит, чуството на загрозеност го проектира во рамките на спорот за името во рамките на ограничувањето на идентитетскиот простор на Р. Македонија, или воведување на територијализација на националниот мит, кој треба да ги исклучи не само фактичките туку и историските „територијални претензии“ кон територијата на денешната „Грчка Македонија“.
Клучни зборови: Македонија, идентитет, спор за името, Грција, македонски јазик.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > History and archaeology
Social Sciences > Law
Social Sciences > Political Science
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Strasko Stojanovski
Date Deposited: 21 Dec 2015 08:41
Last Modified: 21 Dec 2015 08:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14578

Actions (login required)

View Item View Item