Josimovska, Verica (2015) Основни облици на илегална санитетска служба за време на Втората светска војна. In: Научен собир - Македонија во Втората светска војна и потоа – 70 години од победата над фашизмот, 19 Oct 2015, Skopje, Macedonia. (Unpublished)
Preview |
Text
Naucen-sobir-programa.pdf Download (272kB) | Preview |
Preview |
Text
111.pdf Download (494kB) | Preview |
Abstract
Партизанските одреди на Македонија како основен облик на организација на народнослободителната војска во 1941 година, биле првите каде што се почувствувала неопходноста од потреба од санитетска служба, затоа едновремено со формирањето на партизанските одреди била организирана и санитетска служба . Како основен облик на илегалната санитетска служба се користела институцијата здравствен одбор. Нив ги формирале месните воени штабови во координација со месните партиски организации. Посебен проблем на партизанскиот санитет бил недостигот на санитетски кадар во прв ред лекари и разни стручни профили, поради тоа здравствените одбори и воените штабови биле во улога на посредници за изнаоѓање на персонал за лекување на ранетите и нивно сместување. Комунистичката партија на Македонија (КПМ) свесна за значењето на санитетската служба во подготовките за водење на војна, преку здравствените одбори вршела мобилизација на сите свесни санитетски кадри и симпатизери на народноослободителното движење.
Во првите денови на борбените дејства, со оглед на карактерот на вооружените акции, бројот на ранетите бил релативно мал, проблемите биле решавани во рамките на одредот преку одредските амбуланти во кои немало ниту еден дипломиран лекар. Во периодот 1941-1942 година не само што немало стручен кадар и опрема туку, немало ниту една стационарна установа за лекување и негување на борците. Единствен излез од ситуацијата било конспиративното сместување по домовите во блиските населби, кај роднини или кај доверливи личности и симпатизери на НОБ кое многу често се покажало како ризично. Подоцна се почувствувала и потребата од стационарно лекување на ранетите во НОБ, која била во зависност од обемот на воените операции на теренот. Доколку тие биле поинтензивни и пообемни потребата од лекување и згрижување на тешко ранетите била поголема. Во таа насока се движел и развитокот партизанските болници во Македонија.
Клучни зборови: НОБ, Македонија, Санитетска служба.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Verica Josimovska |
Date Deposited: | 15 Dec 2015 13:30 |
Last Modified: | 15 Dec 2015 13:30 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14528 |
Actions (login required)
View Item |