Nikolic, Frosina (2015) Етиката во бизнис комуникацијата. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Text
Lekt. Magisterska - Frosina Nikolic.doc Download (1MB) |
Abstract
Современата економска и деловна динамика бара сè поголема слобода, отвореност и либерализам на сите економски субјекти. Тоа секако подразбира висок степен на доверба, односно ја придвижува дилемата на односот помеѓу економијата и етиката. Отсуството на етичките норми во деловниот живот нанесува голема штета како на поедини компании, така и на вкупната светска економија. Поради тоа, на оваа тема ѝ се посветува сè поголемо внимание во истражувањето и едукацијата.
За да се одреди каде е границата дали во работењето нешто е морално или не, се истражува во анализата на бизнис етиката и односот на економијата и етиката. Одредувањето на границата на бизнис етиката денес претставува голем предизвик за секој раководител и менаџер, како и за сите вработени. Тоа секако е прашање на лична одлука, лично доживување на одредена ситуација, интерес, потреба и мотив, прашање на личниот морален интегритет, ама и прашање на културното наследство, очекувањата и притисоците кои доаѓаат од претпријатијата и околината.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 27 Oct 2015 14:04 |
Last Modified: | 27 Oct 2015 14:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14066 |
Actions (login required)
View Item |