Cepreganov, Todor and Nikolova, Sonja (2015) Колку се застапени мирот и толеранцијата во учебниците по историја за основно и средно образование? In: Меѓународна научна конференција на Факултетот за образовни науки, 24-25 Sept 2015, Stip, Macedonia. (Unpublished)
Preview |
Text
programa po sesii.pdf Download (290kB) | Preview |
Preview |
Text
Т. Ч..pdf Download (339kB) | Preview |
Abstract
Едно од најсензитивните подрачја во општеството е процесот на образование, во кој учениците од сите возрасти, нации и верски определби, стекнуваат знаења и вештини, но и основни човечки и карактерни особини.
Историјата има примарна улога во образовниот процес во кој учениците стекнуваат знаења поврзани со идентитетот, историјата на одредено подрачје, како и сознанија за воени судири и територијални поделби. За жал, таа сé уште го бележи Балканот како „буре барут“. Испреплетените национални истории и национал-шовинистички стремежи и ден денес го прават ова подрачје политички и воено нестабилно. Во тие рамки, учениците доаѓаат до сознанија за националната историја на својата земја, како и за историјата на потесното и поширокото опкружување. Сепак, најзначајно од сé е што наставните содржини имаат примарна улога во градењето на свеста, каде учениците од сите возрасти треба да градат чувство на мир и толеранција, кои се основа за здрава иднина и стабилно и перспективно општество.
Останува да лебди прашањето дали навистина наставните содржини по предметот историја во основното и средното образование продуцираат соживот и ги едуцираат младите во Македонија во склад со принципите на мир и толеранција.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Todor Cepreganov |
Date Deposited: | 29 Sep 2015 11:55 |
Last Modified: | 29 Sep 2015 11:55 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13860 |
Actions (login required)
View Item |