Раѓањето на македонската нација: етно-лингвистичките и територијално-политички основи на македонскиот идентитет

Stojanovski, Strasko and Ljorovski, Dimitar (2015) Раѓањето на македонската нација: етно-лингвистичките и територијално-политички основи на македонскиот идентитет. Годишен зборник на Правен факултет, IV. pp. 285-311. ISSN 1857-7229

[thumbnail of raganjeto na makedonskata nacija3.pdf]
Preview
Text
raganjeto na makedonskata nacija3.pdf

Download (421kB) | Preview
[thumbnail of Godisen -2013_14.pdf]
Preview
Text
Godisen -2013_14.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Потеклото на балканските национализми предоминантно се поврзува со нивното органско потекло, објективни карактеристики и културните и јазични црти како основа на нивните национални карактери. Но, во релноста, чувството за заедничка припадност подеднакво е обликувано од политичките средства и особено преку масовните образовни институции како што се на пример образованието и црквата. Во овој труд, преку споредбена анализа на етно-лингвистичкиот карактер на групата и факторите на влијание кои се продукт на политичката мобилизација, се прави обид да се следат моделите и карактеристиките на развој на македонскиот прото-национален идентитет. Македонскиот идентитет јасно се развива низ три фази: Пан-православие, Пан-славизам и чист национализам. Во исто време можеме да ги лоцираме двата модели на градење на национализмот- етно-лингвистичкиот и политичкиот. Последниот е јасно генериран од чуството за припадност кон одредена територија, во случајов Македонија, како и од чувствствството за заедничка татковина, што се врзува со споделувањето на ист географски простор и произведува ефективна солидарност. На крајот се прави преглед на процесот на македонското просветителско движење во 19 век, за да се заврши со познатото дело на К. П. Мисирков „За Македонцките работи“.

Клучни зборови: Македонија, идентитет, нација, национализам, јазик, етницитет, политика

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Social Sciences > Law
Social Sciences > Political Science
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Strasko Stojanovski
Date Deposited: 14 Aug 2015 10:32
Last Modified: 14 Aug 2015 10:32
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13683

Actions (login required)

View Item View Item