Barbareev, Kiril (2015) Бабини игри – координатор на работилница. In: Работилница за примена на бабини игри, 19 March 2015.
Text
Работилница за примена на бабини игри.docx Download (13kB) |
|
Preview |
Image
Слика5.jpg Download (24kB) | Preview |
Preview |
Image
Слика 1.jpg Download (29kB) | Preview |
Preview |
Image
Слика 2.jpg Download (26kB) | Preview |
Preview |
Image
Слика3.jpg Download (40kB) | Preview |
Preview |
Image
Слика4.jpg Download (22kB) | Preview |
Abstract
Работилница за примена на бабини игри
19.3.2015
Старите заборавени игри што ги играле нашите баби и дедовци во функција на современото образование и воспитување на децата е идејата презентирана во Мултимедијалниот центар на УГД. Пред присутните ученици, родители, наставници и воспитувачи, педагогот Марина Василева го претстави проектот „Бабини игри“, за кој вели дека е интересен начин на учење кој е близок до детската психологија.
- Најголем дел од сегашните ученици сосема ги заборавиле игрите што ги играле нивните баби и дедовци. Со овој проект ние сакаме да ги оживееме, да ги дигитализираме и потоа да се имплементираат во наставата. Јас овој начин на реализирање на наставата го практикувам веќе седум години, а позитивно е што има интерес и кај колеги од цела Македонија – вели Марина Василева.
На Глобалниот форум на Мaјкрософт, кој се одржа во Вашингтон, македонските наставници го освоија второто место во конкуренција на 115 проекти од 70 земји. Второто место беше освоено токму со овој проект наречен „Бабини игри“.
Дел од игрите се поврзани со современи алатки, како што се „Х Бокс“ и „Кинект“, преку кои децата интерактивно ги играат овие стари игри. Целта е децата да учат преку игра.
Во организацијата на работилницата учествуваа студенти од Факултетот за образовни науки при УГД, а координатор на целата активност беше Доц. д-р Кирил Барбареев.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Kiril Barbareev |
Date Deposited: | 29 Jun 2015 08:19 |
Last Modified: | 29 Jun 2015 08:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13466 |
Actions (login required)
View Item |