Apasiev, Dimitar (2014) Римските воени судови (I дел). Годишен зборник на Правен факултет, IV. pp. 37-53. ISSN 1857-7229
Preview |
Text
66. Rimskite1.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Раскрстувањето со монархистичкото уредување по прогонот на последниот римски крал од Етрурската династија и преминот кон републикански облик на политичко уредување претставуваше и конечно зацврстување на римската државност, па дури тогаш беше извршено и дефинитивното разделување на општествениот нормативен поредок на fas, mos и ius – односно разграничувањето помеѓу религијата, обичаите и правото; како и помеѓу световната и духовната власт од една, и цивилната и воената власт од друга страна. Впрочем, во римско време, тријалистичката поделба на државните органи согласно нивната функција во власта - на законодавни, извршни и судски - не постоеше! Имено, во периодот на Републиката (Res publica Romana), која траеше од почетокот на VI до втората половина на I век пр.н.е., сите државни органи - односно Сенатот, народните собранија и магистратите - помалку или повеќе учествуваа во вршењето на сите три функции на власта. Во продолжение овој труд особено ќе се занимава со воениот империум (imperium militiae) и правото на казнување (ius coercendi) коешто го поседуваа вишите римски магистрати, a кое се однесуваше на т.н. нередовни коерциции, односно на римските Судови во посебни околности, кои судеа во вонредни или во воени прилики.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology Social Sciences > Law Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Dimitar Apasiev |
Date Deposited: | 15 Apr 2015 12:09 |
Last Modified: | 15 Apr 2015 12:09 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13050 |
Actions (login required)
View Item |