Спондилоартрозни промени во цервикален ’рбет како причина за појава на цервикобрахијален синдром во период од 01.06.2011 до 31.12.2013 година во град Скопје

Arsovska, Katerina (2015) Спондилоартрозни промени во цервикален ’рбет како причина за појава на цервикобрахијален синдром во период од 01.06.2011 до 31.12.2013 година во град Скопје. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Специјалистички-труд-2_ЛЕК.pdf]
Preview
Text
Специјалистички-труд-2_ЛЕК.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Цервикалните пршлени го градат костурот на вратот. Најмалите од 24-те подвижни прешлени, цервикалните прешлени, се лоцирани меѓу краниумот и торакалните прешлени. Малата големина е поради фактот дека тие носат значително помала тежина од поголемите инфериорни прешлени. Иако цервикалните интервертебрални дискови се потенки од оние на подолните регии, сепак се релативно дебели кога ќе се споредат со големината на прешленските тела што ги зглобуваат. Релативната дебелина на дисковите, речиси хоризонталната поставеност на зглобните површини и малата телесна тежина што ја носи оваа регија овозможуваат најголем опсег на движења од сите регии на ’рбетниот столб.
Вратниот дел на ’рбетниот столб е изграден од неколку подвижни сегменти. Во оваа област, стабилноста е жртвувана заради подвижноста која ја прави особено подложна на трауми.
Цервикалната спондилоза се опишува како дегенеративна промена која ги зафаќа петте зглобови на цервикалниот сегмент, вклучувајќи ги и интервертебралните дискуси, билатералните зигапофизни зглобови и унковертебралните зглобови на Лушка. Се смета дека дегенеративната каскада почнува со исушување и губење на висината на дискот, по што следува приближување на унковертебралните зглобови и нарушување на нормалната биомеханика на зигапофизниот зглоб. Хипертрофијата на унковертебралниот и зигапофизниот зглоб, формирањето остеофити, нарушувањето на прстенот и хипертрофијата на lig. flavum можат да бидат составен дел од следните фази на дегенеративната промена. Радиографски докази за дегенеративни промени се откриени кај 10% од лицата на возраст од 25 години, кај 35% од лицата до 40-годишна возраст, а кај 95% од лицата на возраст од 65 години. Важно е да запомниме дека иако постои вообичаен радиографски доказ за постоење дегенеративна болест, како што е губење на висината на просторот на дискусите и остеофити кои зависат од возраста на лицата кои на преглед се јавуваат со цервикална болка, сепак сите лица со дегенеративни наоди немаат симптоми.
Цервикобрахијален синдром е група од знаци и симптоми кој се манифестира со болка во вратниот дел од ’рбетот и со радијација на болката во рамената и рацете, подтилното подрачје (подтилна главоболка), лопатките. Обично станува збор за болка, боцкање, сензорни нарушувања, мускулна слабост.
Цервикобрахијалниот синдром предизвикува промени во долниот цервикален ’рбет. Болката се шири од вратот на рамената и кон прстите, се јавува чувство на вкочанетост и хипотермија на рацете. Понекогаш предизвика губење на сензацијата и мускулната сила, и рефлексите во рацете.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 17 Mar 2015 12:07
Last Modified: 17 Mar 2015 12:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12935

Actions (login required)

View Item View Item