Dimitrov, Nikola and Taskov, Nako and Koteski, Cane and Mitreva, Elizabeta and Metodijeski, Dejan and Angelkova, Tanja and Josheski, Dushko and Filiposki, Oliver and Kovacevik, Kristina and Namicev, Petar (2015) Историско – географски пресек на туризмот и угостителството во Република Македонија. [Project] (Unpublished)
Preview |
Text
02.PDF-Popolnet obrazec,FTBL,Proekt,Ist.-geo.presek na tur. i ugos. vo RM,mak.i ang.j.,NVD12.2014,9.pdf Download (950kB) | Preview |
Preview |
Image
Poster - Istorisko - geografski presek na turizmot i ugostielstvoto vo Republika Makedonija so rakovoditelot.jpg Download (258kB) | Preview |
Abstract
Проектот „Историско – географски пресек на туризмот и угостителството во Република Македонија“ претставува емпириско повеќенаменско истражување. Имено, преку проектот ќе се откријат нови податоци за појавата на првите анови и меани кои датираат од средниот век па наваму. Историски гледано ќе се навлезе длабоко во минатото преку изворни податоци од турски документи, разни други документи кои се чуваат во државниот и подрачните архиви во поголемите градови во Република Македонија. Исто така, во процесот на истражувањето ќе се користат и податоци од разни објавени историски книги, монографии на населби и други публикации, дневниот печат и слично. Истражувањето ќе вклучува и повеќе интервјуа со лица кои биле и сè уште се вработени во областа на туризмот и угостителството.
Истражувањето географски ќе го опфати целиот простор на Република Македонија, и во посебни тематски карти ќе се внесат поважните анови, сараи, хотели, меани и ресторани. Процесот на истражување ќе се одвива преку користење на архивска граѓа за научни цели од Државен архив на Република Македонија во Скопје и осумте одделенијата, податоци од повеќе спомени, патописи, мемоари, постари весници и друго.
Целта на проектот е откривање на почетоците на првите анови, сараи, меани, ресторани и хотели и нивната географска распространетост по население места на просторот на Република Македонија. Се очекува, на терен да бидат идентификувани и фотографирани одредени локации на некогашни анови, сараи, хотели, гостилници и меани во градските и поголемите селски населби низ просторот на Република Македонија.
Резултатите од емпириското истражување ќе бидат текстуално, табеларно, статистички обработени, поткрепени со фотографии и разни други документи. Главен продукт од истражувањето ќе биде публикување на неколку научни трудови и една монографска книга за Историско - географски развој на туризмот и угостителството во Република Македонија.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business Humanities > History and archaeology Social Sciences > Other social sciences Social Sciences > Social and economic geography Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Nikola Dimitrov |
Date Deposited: | 25 Feb 2015 11:51 |
Last Modified: | 24 Dec 2018 13:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12804 |
Actions (login required)
View Item |