Теренско истражување с. Микрево, Сандански, Р. Бугарија

Angelov, Goranco (2014) Теренско истражување с. Микрево, Сандански, Р. Бугарија. [Video] (Unpublished)

[thumbnail of Malesevo pee 2014.wmv] Video
Malesevo pee 2014.wmv

Download (287MB)
[thumbnail of Malesevo pee 2014 sliki.mp4] Video
Malesevo pee 2014 sliki.mp4

Download (2MB)

Abstract

Истражувањето беше спроведено во рамките на меѓународниот проект помеѓу МАНУ и БАН, Современите проекции на културните традиции во европска перспектива: етнолошки, фолклористички и етномузиколошки аспекти.

Со тим од етнолози и етномузиколози од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје извршивме теренско истржување во с. Микрево, општина Струмјани, Р. Бугарија за време на одржувањето на Меѓународниот фестивал за фолклор „Малешево пее“. Имавме можност да проследиме бројни музичко-сценски настани на учесници од повеќе земји од светот кои презентираа дел од своите локални обичаи и музичкиот фолклор. На сцената беа презентирани обичаи придружени со воклана и инструментална музика , обичаи кои кои во минатото биле дел од животот на луѓето а во деншно време се поретко се практикуваат. На прилагодените сцени имавме можност да ги доживееме овие обичаи во својата праформа а за нивната автохтоност имавме можност да дознаеме од повозрасните изведувачи кај кои сеуште се свежи сеќавањата кога овие обичаи, песни и свирки можеле да се доживеат во нивото место на живеење. Народните музички инструменти како неизоставни во живото на луѓето во минатото звучеа во рацете на бројни изведувачи на гајда, кавал, ќемане, тамбура и зурли и тапани. Она што можевме да го забележиме беше и употребата на музички инструменти од европско потекло како хармоника, гитара, виолина, кларинет и др. Иако овие музички инструменти не се дел од постарата рурална музичка традиција, не можеме да го оспориме нивното значење во некои ансамбли кај кои отсуствуваа народните музички инструменти. Имавме можност да запознаеме и локални музичари на зурла кои можат да послужат и во понатамошни истражувања поврзани со музичкиот инструмент зурла. Снимениот видео материјал ќе ни овозможи понатамошно обработување и анализа на презентираните обичаи, музички изведби како и застапеноста на музичките инструменти. Здобиените податоци ќе бидат објавени во пишана форма поткрепени со фотографии направени за време на истражувањето.

Item Type: Video
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Goranco Angelov
Date Deposited: 18 Feb 2015 12:45
Last Modified: 18 Feb 2015 12:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12702

Actions (login required)

View Item View Item