Професионален развој на наставниците во Република Македонија – состојби и перспективи

Petrovska, Sonja and Sivevska, Despina and Popeska, Biljana and Bocvarova, Jadranka and Stuparik, Jovana (2015) Професионален развој на наставниците во Република Македонија – состојби и перспективи. [Project] (Submitted)

[thumbnail of Presentation1.pdf]
Preview
Text
Presentation1.pdf

Download (861kB) | Preview
[thumbnail of Проект-2015.pdf]
Preview
Text
Проект-2015.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Имајки го предвид постмодерниот третман на знаењето како капитал со највисока оплодувачка моќ и фактот дека училиштето се уште претставува најмасовна, најорганизирана и најсистематизирана форма на образование, подигањето на квалитетот на работата на училиштата претставува постојана преокупација на сите земји во светот.
Значаен фактор од кој зависи квалитетот на воспитно-образовната работа во училиштата е наставникот. Интензивниот техничко-технолошки и научен развој, како и изразените тенденции за демократизација и хуманизација на училишното воспитание и образование претставуваат сериозни предизвици за наставникот. Од него повеќе не се бара само да ги следи и прифаќа иновациите туку компетентно да учествува во нивно продуцирање (Петровска, 2010). Тоа пак несомнено е поврзано со неговиот професионален развој и подготвеноста доживотното учење да го прифати како основен принцип во неговото работење.
Во литературата професионалниот развој на наставниците најчесто се дефинира како процес на континуирано стекнување, проширување и продлабочување на знаењата, развивање на вештини и способности кои се релевантни за успешно извршување на наставните и воннаставните активности, стекнување на знаења и вештини со кои се обезбедува квалитетна и успешна соработка со колегите, како и квалитетен однос со родителите и локалната заедница, подготовка за прифаќање на промените, нивна успешна примена и активно учество и иницијативност во спроведувањето на реформите (Попович, 2010)
Во таа насока ова истражување е насочено кон детектирање на состојбите на професионалниот развој на наставниците во Република Македонија од аспект на политики, законодавство, институционална подршка (државно, локално и внатреучилишно ниво) и откривање на можни начини за унапредување на истите.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Jadranka Runceva
Date Deposited: 23 Feb 2015 12:47
Last Modified: 23 Feb 2015 12:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12688

Actions (login required)

View Item View Item