Josimovska, Verica and Josimovska, Elena (2013) Сведоштва за Брегалничката епидемија 1913. In: Сто години од Балканските војни, Прилози од научен собир одржан 3-4 декември 2012 год. во Скопје. МАНУ, Скопје, pp. 495-510. ISBN 978-608-203-100-2
Preview |
Image
scan0013.jpg Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text
Sto godini od Balkanskite vojni MANU.pdf Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text
Svedostva za Bregalnickata epidemija.pdf Download (288kB) | Preview |
Abstract
Со почетокот на Првата балканска војна, 1912 година, завршува периодот на долговековното Отоманско владеење во Македонија и започнува времето на масовно умирање во војните и епидемиите. Имено, во периодот 1912-1918 година во Македонија се случиле три војни (две балкански и една светска ) и дури четири страотни епидемии: колерата 1913, дамчестиот тифус 1915, маларијата 1916-1917 и шпанската треска 1918 година со пандемска големина.
За време на Брегалничката битка 1913, една од најкрвавите во Втората балканска војна, која временски траела кратко, само десетина дена (од 30 јуни до 9 јули), а оставила долготрајни последици, се случила и епидемиската катастрофа предизвикана од смртоноснота заразна болест колера во литературата позната и како Брегалничка епидемија.
Сведоштва за овие трагични настани од 1913 година наоѓаме во дневниот печат од тоа време, во разни списанија и публикации, во телеграми, воени рапорти и санитетски извештаи ,необјавени дневници, усни соопшувања, како и во упатуваните апели за помош.
Истражувајќи ги овие настани се доаѓа до драгоцени податоци за тогашните услови на живеење во брегалничкиот регион, за причините поради кои се појавила колерата и катастрофата што ја предизвикала , неспремноста на санитетот да и се спротивстави на епидемијата што била негова главна должност, како и за страдањата на недолжното население кое со ништо не придонело за да му се случи масовно умирање.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ
Брегалничка битка, колера, брегалничка епидемија
Item Type: | Book Section |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Verica Josimovska |
Date Deposited: | 18 Feb 2015 08:44 |
Last Modified: | 18 Feb 2015 08:44 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12680 |
Actions (login required)
View Item |