Angelov, Goranco (2014) Некои тонски карактеристики кај гајдата. In: Музика - списание за музичка култура. Сојуз на композитори на Македонија, pp. 108-116. ISBN 1409-6579
This is the latest version of this item.
Preview |
Text
Goranco MUZIKA.pdf Download (2MB) | Preview |
Preview |
Text
Goranco Angelov Muzika br 20 -.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Гајдата како еден од народните музички инструменти кој сеуште наоѓа примена во Македонија е носител на една долговековна музичка инструментална традиција со изградени естетско-стилски обележја. Многубројните умотворби, преданија и објавени трудови за гајдата и нејзината употреба зборуваат за присуството и прифатеноста на овој музички инструмент помеѓу населението во Македонија во минатото. И во денешно време овој инструмент е присутен но со доста помала застапеност. Ако во минатото секое село имало по еден или повеќе гајдаџии, со замирањето на руралните средини се случува и постепено намалување на побарувањето на овој инструмент што резултира со помала застапеност. Музички инструменти исти или слични на гајдата според начинот на произведување на тонот а донекаде и според составните елементи кои ја сочинуваат гајдата се рапсространети во повеќе делови од Балаканот и во светот. Во нашето илагање ќе се осврнеме на гајдата во Македонија која сеуште е застапена помеѓу поединци кои се носители на гајдаџиската традиција. Како музички инструмент кој е доста подвижен гајдата е присутнa секаде каде што е присутен инструментлистот на гајда. Таа се среќава за време на многубројните настани поврзани со животот на македонското население како свадби, верски празници а најповеќе за време на одржувањето на културните манифестации на кои се презентира изворниот фолклор. Преку овој инструмент се зачувувани бројни мелодии кои спонтано се создавале во минатото од страна на талентираните инструменталисти а во самите мелодии се изразени со локални музички обележја на средината до која што потекнува гајдаџијата.
Item Type: | Book Section |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Goranco Angelov |
Date Deposited: | 09 Feb 2015 13:46 |
Last Modified: | 09 Feb 2015 13:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12527 |
Available Versions of this Item
-
Некои тонски карактеристики кај гајдата. (deposited 05 Feb 2015 12:53)
- Некои тонски карактеристики кај гајдата. (deposited 09 Feb 2015 13:46) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |