Евреите во Македонија во Народноослободителната војна 1941 - 1944

Cepreganov, Todor and Nikolova, Sonja (2014) Евреите во Македонија во Народноослободителната војна 1941 - 1944. In: Евреите во Македонија историја, традиција, култура, јазик и религија - МАНУ, 18-19 Dec 2014, Skopje, Macedonia. (Unpublished)

[thumbnail of ПРОГРАМА еврејска конечна (1).doc] Text
ПРОГРАМА еврејска конечна (1).doc

Download (438kB)
[thumbnail of Научен собир-Евреи текст 70 год од евр. заедница.docx] Text
Научен собир-Евреи текст 70 год од евр. заедница.docx

Download (44kB)

Abstract

Во април 1941 година Гемранија, Италија и Унгарија го нападнаа Кралството Југославија чија војска капитулира на 18 април. На 19 април во Македонија влегоа бугарските окупаторски војски. Македонија беше поделена меѓу Германија, Италија и Бугарија.
Во периодот од 1941 до 1942 година Бугарите применија 48 закони, наредби, инструкции и мерки кои беа насочени против Евреите. Економскиот живот на Евреите беше целосно уништен, сите организации, верски служби, приредби, излегување надвор од гетото, посети, кафани, театри, кина, излегување после одреденото време, сето тоа го забрани новата власт. Било сосема јасно дека за Евреите не може да се очекуваат подобри денови. Од тие причини голем дел од еврејската младина која претходно била дел од ционистичките организации се ставила на располагање на Народноослободителното движење. Во Битола, Штип и Скопје голем дел од еврејската младина уште со почетокот на наци-фашистичката окупација на Кралството Југославија се ставила на страната на НОД. Со формирањето на првите партизански одреди дел од нив влегува во нивните редови и се покажуваат како храбри борци и заземаат на раководни функции.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Todor Cepreganov
Date Deposited: 29 Dec 2014 10:54
Last Modified: 29 Dec 2014 10:54
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11790

Actions (login required)

View Item View Item