Ananiev, Jovan and Denkova, Jadranka and Stojanovski, Strasko and Koceva Lazarova, Limonka and Natasa, Amidju (2014) Капацитет за партиципативност и транспарентност при носење на одлуки во единици на локална самоуправа во Источен плански регион. [Project] (In Press)
Preview |
Text
PROEKT Praven fakultet 2014-15.pdf Download (595kB) | Preview |
Abstract
Еден од клучните сегменти за градење на демократските капацитети кај Единиците на Локална самоуправа е транспарентноста на процесот на носење на одлуки и инклузивностa на граѓаните во рамките на ваквиот процес. Граѓанската партиципативност овозможува да се донесуваат поквалитетни одлуки, а со тоа и полесно да се ефектуираат политиките на локалните власти. Исто така транспарентноста на локалната администрација, заедно со локалните политички тела (Градоначалник и Совет), овозможува да се создаваат добри практики, кои го подигаат нивото на политичка култура и јавната свест кај граѓаните да бидат проактивни кога се работи за прашања кои ги засегаат.
Капацитетот за носење на квалитетни одлуки на Единиците на Локалните самоуправи, кој зависи од повеќе фактори (релациите со централната власт, соработката на градоначалникот и советот, меѓуопштинската соработка, капацитетот на локалната администрација, квалитетот на нормативната регулатива, како и нивото на јавна поддршка кај граѓаните), е динамичка категорија која претпоставува балансирање на политиките и праксите и нивно интегрирање во севкупната општествена слика. Оттука, доколку се имаат во предвид сите фактори на влијание, може да се дојде до модел кој не само што ја детектира транспарентноста во политиките на носење на одлуки, туку и ке овозможи истите да станат апликативни во пракса и да овозможат ефективност во процесот на одлучување и управување во единиците на локалната самоуправа.
Клучни зборови: Локална самоуправа, Граѓанска партиципација, Јавна Администрација, Носење на одлуки, ефикасност
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law Natural sciences > Matematics Social Sciences > Other social sciences Social Sciences > Political Science Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Strasko Stojanovski |
Date Deposited: | 29 Dec 2014 10:39 |
Last Modified: | 25 Oct 2021 07:39 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11656 |
Actions (login required)
View Item |