Технички аспекти на автоматизација на биаксијална вибро-платформа

Golubovski, Roman (2014) Технички аспекти на автоматизација на биаксијална вибро-платформа. In: Втора меѓународна научна конференција „Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија“, 30-31 Oct 2014, Skopje, Macedonia.

[thumbnail of [EUBA2014] ST - Golubovski.pdf]
Preview
Text
[EUBA2014] ST - Golubovski.pdf

Download (2MB) | Preview
Official URL: http://www.euba.edu.mk

Abstract

Вибро-платформите овозможуваат најверодостојно спроведување на структурни тестови за утврдување на сеизмичка квалификација и перформанси на објектите (модели на згради, мостови, опрема, итн.) во услови на сеизмичка активност на нивната подлога. Концептот на сеизмичко тестирање во доменот на земјотресното инженерство и инженерската сеизмологија опфаќа изградба на скалирани модели на објектите/структурите од реалните материјали и со идентични технологии, поставување на платформа на истите и нивно побудување (екситирање) со симулирани сеизмички движења кои може да бидат вистински (вообичаено снимки на познати земјотреси) или синтетизирани специјално за одредени фреквентни подрачја (за кои е потребно да се утврди однесувањето). Интегралниот тест систем покрај самата (1) платформа опфаќа и (2) хидрауличен погон за реализација на симулациите, (3) сензорен и актуаторски систем за контрола на погонот, како и (4) дигитален компјутерски систем за управување со движењата во реално време. Реализацијата на ваквата тестна постановка се соочува со повеќе инженерски предизвици од машинска, електрична, компјутерска, информатичка, инструментациско-автоматичка и сеизмолошка природа. Имено, утврдувањето на реалните перформанси на објектите бара употреба на реални градежни и конструкциски материјали, чија маса имплицира соодветна масивност на подлогата (платформата), која пак изискува моќна хидраулика како за придвижување на товар мерен во десетици тони, така и за остварување на динамика соодветна на симулациите. Потоа е неопходно да се опфатат мноштво разновидни сигнали за да може да се аквизира динамиката на моделите, како и да се оствари управување со контрола во реално време, не само за реалистичност на симулација, туку и за безбедно движење на масивни товари под големи забрзувања. Конечно, сигнал процесирањето бара синхронизираност на сите канали на аквизиција, како и (во последно време) координираност со видео записи и виртуелно интернет присуство за аудиториум од било каде во светот. Овој труд ја дава реализацијата на наведениот систем за контрола и управување со платформата со носивост од 40 тона и 5 степени на слобода.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Engineering and Technology > Civil engineering
Natural sciences > Computer and information sciences
Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Engineering and Technology > Mechanical engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Roman Golubovski
Date Deposited: 09 Dec 2014 10:27
Last Modified: 09 Dec 2014 10:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11607

Actions (login required)

View Item View Item