Органогенеза и регенерација на пиперка (capsicum annuum l.) сорта Куртовска капија во услови in vitro

Koleva Gudeva, Liljana (1996) Органогенеза и регенерација на пиперка (capsicum annuum l.) сорта Куртовска капија во услови in vitro. Masters thesis, Природно-математички факултет, УКИМ Скопје.

[thumbnail of Avtorezime M.Sc. LKG.pdf]
Preview
Text
Avtorezime M.Sc. LKG.pdf

Download (238kB) | Preview

Abstract

Основна цел на испитувањата беше да се постави култура од апикални пупки, котиледони и хипокотили, да се запознаат својствата на ткивата во in vitro услови, пред се нивниот потенцијал за органогенеза и регенерација во растение.
Апиклните пупки, котиледоните и хипокотилите беа изолирани од семиња кои се из`ртени во асептички услови, а потоа беа култивирани на MS медиум (Murashige и Skoog, 1962) минерален раствор со 3% сахароза, 0,7% агар а од хормоните беа користени IAA, IBA, GA3, NAA, BAP и KIN додавани во медиумот во различни комбинации и концентрации
По 4 недели изданоци беа добиени само од апикални пупки, додека органогенезата на хипокотили на МЅ медиум се одвиваше во формирање на калус и лисни розети. Вкоренувањето на изданоците беше стимулирано со ниски концентрации на ауксини МЅ + 0,04 mg/l IAA + 0,1 mg/l IBA.
Културите беа држени во клима комора на контролирани услови и тоа: релативна влажност од 80%, фотопериодизам 16/8 светло/мрак, 251°С температура и осветлување од 2000-3000 Lux.
Добро вкоренетите растенија беа префрлени во пластични садови, наполнети со стерилна мешавина од песок, перлит и тресет (1:1:1), а нивната аклиматизација се одвиваше во три фази и тоа: во клима комора, потоа во пластеници, и на крај во надворешни услови.
По 6 недели in vitro регенерираните растенија се адаптираа на надворешната средина и нормално го завршија својот вегетативен циклус. Напоредно со in vitro регенерираните растенија во надворешни услови беа поставени и растенија добиени по конвенционален и стандарден начин на производство на пиперка, кои служеа како контрола за испитување на некои биолошки, морфолошки и физиолошки карактеристики на растенијата.

Клучни зборови: Пиперка (Capsicum annuum L. сорта Куртовска капија), апикални пупки, котиледони, хипокотили, in vitro, органогенеза, регенерација.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Liljana Koleva Gudeva
Date Deposited: 01 Oct 2014 12:00
Last Modified: 01 Oct 2014 12:00
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11050

Actions (login required)

View Item View Item