Miteva-Kacarski, Emilija and Cabuleva, Kostadinka (2013) Нецаринскиот протекционизам во услови на глобална економска криза. In: Трета меѓународна научна конференција „Промените во глобалното општество“, 6-7 June 2013, Скопје.
Text
Apstrakt i trud-Evropski Univerzitet 2013.doc - Published Version Download (262kB) |
Abstract
Со интензивирањето на кризата во септември 2008 година, прашањето на нецаринскиот протекционизам почна да добива значително внимание, одразувајќи го зголемениот притисок на протекционизмот во светот. СТО во 2009 година, изрази загриженост за наложеното локално купување/инвестирање/позајмување/вработување во рамките на фискалните стимулации и финансиските програми за поддршка, кои поради нивниот националистички апел станаа мета на одмазда. Стравувањата од зголемување на протекционизмот дојдоа во незгодно време за светската економија, кога глобалните трговски текови беа значително ослабени кон крајот на 2008 година, а светската трговија се соочуваше со сериозен пад на светската побарувачка, при што трговијата сама по себе придонесе за прелевање на кризата преку границите и нејзино трансформирање во вистински глобален феномен. Оживувањето на трговскиот протекционизам значително го наруши обновувањето на светската економија.
Клучни зборови: протекционизам, глобални трговски текови, глобална криза
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Emilija Miteva |
Date Deposited: | 25 Aug 2014 13:46 |
Last Modified: | 25 Aug 2014 13:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10729 |
Actions (login required)
View Item |